Енвер Малиќи преку извршител наплати 2,2 милиони евра на име камати од државниот буџет

Bez autora
Dec 02 2019

Заменикот градоначалник на Скопје Енвер Малиќи преку извршител од државата наплати 2.273.000 евра на име камати, потврдија за ИРЛ од Министерството за транспорт и врски. Освен парите од каматите на Малиќи од буџетот му се вратени и 1.254.000 евра за парцели кои беа предмет на судскиот спор.

Станува збор за градежно земјиште на кејот на Вардар, во близина на скопското Кале, каде требаше да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Пари од државата чека и пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими, кој заедно со Малиќи ја тужеше државата и бара раскинување на договорите за купопродажба.

Судскиот процес почна да се води уште во 2007 година кога државата ги тужеше сопствениците, бидејќи ги пробија сите рокови за градба. Но, во 2015 година се сменија улогите и тужба поднесоа газдите на земјиштето, Малиќи и Аљими, и бараа државата да им ги врати парите во вкупна вредност од 2.167.000 евра.

Односно за двете парцели на заменик градоначалникот Малиќи 1.254.000 евра и за едната парцела на пратеникот Аљими 913.000 евра.

Како што објави ИРЛ, Малиќи земјиштето го купи непосредно пред изборите во 2006 година, кога министер за транспорт и врски беше Џемали Мехази од ДУИ. Едната локација ја купи по цена од 3.750 денари за метар квадратен, а другата за 10.050 денари за квадрат. Неговиот план беше да гради три хотели, трговски центри и угостителски објект.

Со доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДПА во 2006 година Јавниот правобранител побара Министерството за транспорт да ги раскине договорите со Малиќи и Аљими, бидејќи се склучени спротивно на Законот за спречување на корупција, односно во текот на изборната кампања и осум денови пред изборите на 5 јули. Додека судскиот процес беше во тек, во 2008 година на власт повторно се врати ДУИ. Во јануари 2013 во суд победа издвојува двоецот Малиќи и Аљими и тие се запишуваат како сопственици на земјиштето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik