Индустриското во јули скокна за 5,1 отсто

Bez autora
Aug 31 2016

Индустриското производство повторно почна да расте во речиси сите сектори. По падот од 4,4 отсто во јуни годинава, во јули индустриското скокна за 5,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Или, според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 105,1. За периодот јануари - јули 2016 година, пак, во споредба со истиот период лани, индустриското е поголемо за 5,6 отсто. Во јули во речиси сите дејности статистиката регистрираше пораст. На пример, производството во преработувачка индустрија се зголемило за 6,1 отсто, кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација растот изнесува 15,4 отсто, додека во рударството и вадењето камен бил забележан пад од 5,5 отсто, во споредба со јули минатата година...

Индустриското производство повторно почна да расте во речиси сите сектори. По падот од 4,4 отсто во јуни годинава, во јули индустриското скокна за 5,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Или, според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 105,1. За периодот јануари - јули 2016 година, пак, во споредба со истиот период лани, индустриското е поголемо за 5,6 отсто.

Во јули во речиси сите дејности статистиката регистрираше пораст.

На пример, производството во преработувачка индустрија се зголемило за 6,1 отсто, кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација растот изнесува 15,4 отсто, додека во рударството и вадењето камен бил забележан пад од 5,5 отсто, во споредба со јули минатата година.

Статистичарите во јули регистрираа зголемување на индустриското во повеќе гранки, како што се: производство на пијалаци за 7,5 отсто, на тутунските производи за 24,1, на текстилот за 23,6, на основните фармацевтски производи и препарати за 20,1, кај машините и уредите за 29 и кај моторните возила, приколки и полуприколки растот изнесувал 77,1 отсто во споредба со јули минатата година.

Инаку, од почетокот на годинава индустриското производство за прв пат падна во јуни годинава, за 4,4 проценти, по петмесечен континуиран раст. Поточно, во јануари, февруари, март, април и мај индустриското бележеше скокови од 8 отсто, па во февруари најмногу, 15,2 , 8,9, 3,6 и 5,3 проценти во мај.

За разлика од јули, во јуни статистиката евидентираше пад на производството во речиси сите сектори. Во рударството и вадењето камен производството беше намалено за 21,1 отсто во однос на истиот месец лани, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалувањето изнесуваше 20,4 отсто.

Падот на индустриското во јуни, според познавачите, беше резултат на политичката криза, која имаше влијание врз послабите трендови во индустриското, особено во април. Тогаш Народна банка на Македонија регистрираше најголеми повлекувања на денари од банкарските депозити, и нивно конвертирање во евра или префрлање во банкарските сефови. Поради тоа, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, ги преполови проекциите за раст за годинава, од претходно очекуваните 3,5 отсто, на 1,6 проценти, под претпоставка дека политичката криза ќе се пролонгира.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik