Буџет - Во август намалени приходите, расходите и дефицитот

Bez autora
Sep 27 2016

Вкупните приходи и вкупните расходи во буџетот се намалиле во август во однос на јули годинава, покажуваат најновите податоци на Секторот за трезор во Министерството за финансии. Намален во однос на јули е и буџетскиот дефицит. Конкретно, во август биле остварени приходи во износ од 221,5 милиони евра, додека, пак, државата потрошила 235,5 милиони евра. Односно, во август буџетот влегол во минус од 14 милиони евра, наспроти големиот дефицит во август, кој изнесуваше 32,6 милиони евра. На приходната страна се забележува намалување на персоналниот данок, данокот на добивка, како и на ДДВ, а зголемени се приходите од акцизи. Кога станува збор за расходната страна, во август биле реализирани капитални инвестиции од 23,5 милиони евра, додека во јули нивната сума изнесувала 27,9 милиони евра.

Буџет- Во август намалени приходите, расходите и дефицитотВкупните приходи и вкупните расходи во буџетот се намалиле во август во однос на јули годинава, покажуваат најновите податоци на Секторот за трезор во Министерството за финансии. Намален во однос на јули е и буџетскиот дефицит.

Конкретно, во август биле остварени приходи во износ од 221,5 милиони евра, додека, пак, државата потрошила 235,5 милиони евра. Односно, во август буџетот влегол во минус од 14 милиони евра, наспроти големиот дефицит во август, кој изнесуваше 32,6 милиони евра.

На приходната страна се забележува намалување на персоналниот данок, данокот на добивка, како и на ДДВ, а зголемени се приходите од акцизи.

Кога станува збор за расходната страна, во август биле реализирани капитални инвестиции од 23,5 милиони евра, додека во јули нивната сума изнесувала 27,9 милиони евра.

Вкупно, пак, за осум месеци од годинава, се реализирани капитални инвестиции од 151,3 милиони евра, или 41,7 отсто од планираните капитални расходи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik