ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за електромобили и за возила на плин

Bez autora
Sep 27 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера промовираше две нови мерки во насока на намалување на загадувањето. За реализација на првата мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула отсто царина и без дополнителна акциза, како и даночна стапка од 5 отсто, наместо сегашните 18. Исто така се планира Владата да дава субвенција за купување електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција од 5.000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра. Во период од 10 години електричните автомобили ќе бидат ослободени и од плаќање патарина, бесплатно ќе паркираат на кој било јавен паркинг и ќе имаат бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта. Со втората мерка се предвидува субвенционирање за вградувањето на плински систем во автомобилите. За таа цел ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година.

ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за електромобили и за возила на плинЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера промовираше две нови мерки во насока на намалување на загадувањето.

За реализација на првата мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула отсто царина и без дополнителна акциза, како и даночна стапка од 5 отсто, наместо сегашните 18. Исто така се планира Владата да дава субвенција за купување електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција од 5.000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра. Во период од 10 години електричните автомобили ќе бидат ослободени и од плаќање патарина, бесплатно ќе паркираат на кој било јавен паркинг и ќе имаат бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта.

Со втората мерка се предвидува субвенционирање за вградувањето на плински систем во автомобилите. За таа цел ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Оваа мерка ќе се однесува само на возилата со ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард, односно оние кои се произведени до почетокот на 2006 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik