Фирмите повлекуваат пари од банките, граѓаните внесуваат

Bez autora
Oct 23 2016

Компаниите повлекуваат пари од банките, говорат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија на својата веб-страница. Во септември годинава бизнис-секторот од банкарскиот систем во земјава повлекол дури 55 милиони евра. Засега нема објаснување зошто во текот на еден месец компаниите одлеале од своите банкарски сметки толку висока сума. Иако, познавачите постојано укажуваат дека парите што бизнисот ги држи во банките се постојано подложни на флуктуации, кои зависат од нивните тековни активности и потреби во одреден период. Повлекувањето средства на компаниите од банкарскиот сектор придонесе во септември да се намали и вкупната сума на депозити во домашните банки, за 19 милиони евра, и тоа само благодарение на растот на штедните влогови на граѓаните.

Фирмите повлекуваат пари од банките, граѓаните внесуваатКомпаниите повлекуваат пари од банките, говорат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија на својата веб-страница.

Во септември годинава бизнис-секторот од банкарскиот систем во земјава повлекол дури 55 милиони евра. Засега нема објаснување зошто во текот на еден месец компаниите одлеале од своите банкарски сметки толку висока сума. Иако, познавачите постојано укажуваат дека парите што бизнисот ги држи во банките се постојано подложни на флуктуации, кои зависат од нивните тековни активности и потреби во одреден период.

Повлекувањето средства на компаниите од банкарскиот сектор придонесе во септември да се намали и вкупната сума на депозити во домашните банки, за 19 милиони евра, и тоа само благодарение на растот на штедните влогови на граѓаните.

Односно, на крајот на септември годинава вкупните депозити во банките изнесувале 4,92 милијарди евра, наспроти 4,94 милијарди во септември.

Она што може да се смета како позитивен сигнал, е растот на штедните влогови на домаќинствата во септември, и тоа за близу 30 милиони евра. Во деветтиот месец од годината тие достигнале ниво од 3,41 милијарди евра.

Но, и покрај растот во последниве три месеци, депозитите на населението во домашните банки не може уште да се врати на нивото на март годинава, пред да почнат шпекулациите околу курсот на денарот, кои предизвикаа значајно подигање на влоговите, пред се денарски, и нивно конвертирање во евра.

Но, ако се погледне структурата во септември според валутата, ќе се забележи дека денарските депозити повторно паднале повеќе, за 15,6 милиони евра, додека, пак, намалување има и кај депозитите во странска валута, но тоа е пониско и изнесува 3,7 милиони евра.

А, фирмите, пак, покрај тоа што во септември повлекле од своите средства во банките, тие успеале да земат и солидна сума на нови кредити, и тоа речиси 10 милиони евра. Обично компаниите тешко добиваат кредити, а и не ни бараа многу во последно време, но тоа им успеало во деветтиот месец од годинава. Со тоа вкупната задолженост на бизнисот кон банките во деветтиот месец од годината се искачи на 2,39 милијарди евра.

Всушност, вкупното кредитирање во септември пораснало за 21 милиони евра, достигнувајќи 4,473 милијарди евра.

Граѓаните и натаму не се воздржуваат од земање кредити. Тие во септември добиле заеми во вредност од 13,5 милиони евра, и со тоа вкупната задолженост на населението кон банкарскиот сектор сега изнесува 2,06 милијарди евра. И покрај мерките на централната банка малку да се ограничи кредитирањето на домаќинствата, особено оние за потрошувачка, банките засега не „закочуваат“ со овој тип заеми, од причина што, како што велат, граѓаните се дисциплинирани клиенти.

Инаку, лошите кредити во септември дополнително се намалиле, за 18 милиони евра, (откако најзначајно намалување имаа во јуни по мерката на Народната банка), стигнувајќи на ниво од 318 милиони евра. Со тоа нивото на нефункционалните заеми во вкупното кредитно портфолио сега изнесува 7,11 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik