Десет компании добија признание за македонски квалитет

Bez autora
Dec 05 2016

Компаниите „Кодинг горска“, „Термалифт“, „Специјал продукт“, „Гринагро“, „Мирана“, „Конти хидропласт“, „Компанија Велкоски“, „Голден арт“, „Те-Те пласт“ и „Ансамбл Македонија“ се добитници на признанијата за македонски квалитет за 2016 година кои ги додели претседателот Ѓорге Иванов. Оваа манифестација има цел да ги поттикне домашните инвеститори, кои се вистински амбасадори на нашата земја со својот квалитет и со вложување во својата успешна работа. Во Сојузот на стопански комори на Македонија, членовите покажуваат особена динамика во својот развој, имаат претприемачки дух, современи се и ги следат најновите достигнувања во бизнис-светот, инвестираат и се успешни во своето работење, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Десет компании добија признание за македонски квалитетКомпаниите „Кодинг горска“, „Термалифт“, „Специјал продукт“, „Гринагро“, „Мирана“, „Конти хидропласт“, „Компанија Велкоски“, „Голден арт“, „Те-Те пласт“ и „Ансамбл Македонија“ се добитници на признанијата за македонски квалитет за 2016 година кои ги додели претседателот Ѓорге Иванов.

„Оваа манифестација има цел да ги поттикне домашните инвеститори, кои се вистински амбасадори на нашата земја со својот квалитет и со вложување во својата успешна работа. Во Сојузот на стопански комори на Македонија, членовите покажуваат особена динамика во својот развој, имаат претприемачки дух, современи се и ги следат најновите достигнувања во бизнис-светот, инвестираат и се успешни во своето работење“, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Претседателот Иванов рече дека изборот на десетте најуспешни македонски компании за годинава бил тежок, поради тоа што има многу компании со извонредни постигнувања во земјата и надвор од неа.

Оваа традиционална манифестација која е под покровителство на кабинетот на претседателот на Македонија, се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските инвеститори за тековната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik