НБРМ од идниот месец цо електронско банкарство

Bez autora
Mar 22 2017

Електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи, воведе Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Услугата ќе биде достапна од идниот месец, а целта е, како што соопшти НБРМ, поквалитетни и поефикасни услуги, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции. За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации на кои присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина, информира НБРМ.

НБРМ од идниот месец цо електронско банкарствоЕлектронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи, воведе Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Услугата ќе биде достапна од идниот месец, а целта е, како што соопшти НБРМ, поквалитетни и поефикасни услуги, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции.

- За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации на кои присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина, информира НБРМ. 

Услугата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.

- Со реализацијата на овој проект, Народната банка ја потврдува заложбата за дигитализација на домашната економија како стратешка определба на Република Македонија за приближување кон Европската Унија во оваа област, стои во соопштението. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik