Со берза на струја ќе се зголеми конкуренцијата и транспареноста

Bez autora
Mar 26 2017

Неопходно е да се разгледаат сите можни опции за формирање берза на струја, бидејќи така ќе се овозможи транспарентно тргување со енергијата, ќе се зголеми конкуренцијата, што ќе придонесе и за можноста да се влијае врз цените. Ова е основната порака од вчерашната работилница „Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“ што се одржа во Скопје во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „ТЕМА Консалтинг груп“, на која стана збор за придобивките од ваквиот начин на тргување со енергенсите. Меѓу другото, беа разгледани искуствата од формирањето на регионалната берза за електрична енергија во Бугарија и во Хрватска, како и моделите на енергетски берзи. Темата е од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор во Македонија, истакна министерот за економија Дритон Кучи, порачувајќи дека од работилницата треба да произлезат најдобрите можни решенија за националниот енергетски пазар и пазарите во земјите на Југоисточна Европа.

Со берза на струја ќе се зголеми конкуренцијата и транспареностаНеопходно е да се разгледаат сите можни опции за формирање берза на струја, бидејќи така ќе се овозможи транспарентно тргување со енергијата, ќе се зголеми конкуренцијата, што ќе придонесе и за можноста да се влијае врз цените. Ова е основната порака од вчерашната работилница „Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“ што се одржа во Скопје во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „ТЕМА Консалтинг груп“, на која стана збор за придобивките од ваквиот начин на тргување со енергенсите. Меѓу другото, беа разгледани искуствата од формирањето на регионалната берза за електрична енергија во Бугарија и во Хрватска, како и моделите на енергетски берзи.

„Темата е од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор во Македонија“, истакна министерот за економија Дритон Кучи, порачувајќи дека од работилницата треба да произлезат најдобрите можни решенија за националниот енергетски пазар и пазарите во земјите на Југоисточна Европа.

Како што беше истакнато во дебатата, нејасно е дали Македонија ќе формира сопствена берза на електрична енергија или пак, ќе се приклучи на регионална берза што е дел од преземените обврски на земјава за интегрирање на нејзиниот пазар на регионалните и европскиот пазар на електрична енергија и гас. Се анализираат и двете опции, но засега нема конкретна одлука.

„Берзата за енергија претставува современа јавна платформа, преку која се овозможува тргување со енергија, односно платформа за понуда и побарувачка на енергија. Нејзината главна цел е транспарентна купопродажба на енергија, поголема конкурентност на пазарот, при што се овозможува локалните и регионалните компании на ефикасен начин да тргуваат со електричната енергија, преку утврдување доверлив и транспарентен индекс на цена на електричната енергија“, рече Кучи.

Според министерот за економија, континуираните реформски чекори во енергетиката произлегуваат или се дел од пошироките политики и иницијативи, како што се договорот за основање на Енергетска заедница, иницијативата за Западен Балкан 6, според која Република Македонија пристапи кон потпишувањето на меморандумот за разбирање на шесте земји од Западен Балкан за развој на регионалниот пазар на електрична енергија и воспоставување рамка за идна соработка, како и меморандумот за разбирање на земјите од Западен Балкан за спојување на пазарите.

Тој информираше дека во досегашната пракса, Македонија има воспоставено билатерални договори за купопродажба на електричната енергија, со кои се договараат потребните количини, прецизно дефинирани, според потребите и производите на учесниците на пазарот.

Исто така, додаде дека еден од приоритетите на Владата е интегрирање на енергетскиот сектор на Република Македонија во регионалните и европскиот пазар на електрична енергија и природен гас со изградба на нови конекции и со усогласување на законодавството со постојната правна регулатива на Европската Унија за енергија, животна средина и конкуренција. 

Инаку, работилницата се одржува во рамки на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. 

Либерализација на пазарот и формирањето берза на електрична енергија е дежурна тема кај нас. Уште пред неколку години на една од сличните конференции беа презентирани искуствата што ги имаат земјите од регионот, но и прашања за прекуграничната берзанска трговија со електрична енергија. на една од таквите дебати беше посочено дека берзата не може да влијае дали цените ќе се зголемат или намалат, туку дека создава транспарентни ценовни сигнали за сите учесници на пазарот на електрична енергија. Либерализацијата на пазарот и формирање берзи ќе воведе нов квалитет преку создавањето услови за поголем број потрошувачи на електрична енергија да имаат избор при одбирањето на своите партнери од кои купуваат електрична енергија. Зголемената транспарентност и креирањето на пазарни цени преку вкрстувањето на понудата со побарувачката ќе биде сигнал и коректор за сите учесници на пазарот. Поради одложување на целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, нашата земја се најде на тапет во извештаите на ЕУ и на Енергетската заедница.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik