Трудовиот инспекторат извршил контроли во 264 фирми

Bez autora
Mar 18 2020

Контроли во 264 фирми се извршени од Трудовиот инспекторат, а констатирано е дека 12 работодавачи не ги почитувале мерките од Владата.

За ова извести претседателката на инспекцискиот совет, Магдалена Филипоска-Грашкоска, според која, никоја од фирмите нема да биде толерирана при прекршување на правата да вработените.

„Државниот инспекторат за труд изврши изврши 264 контроли во поглед на платено отсуство на родител на дете до 10-годишна возраст, самохран родител, бремени жени и хронично болни. Во овие 264 контроли донесени се 12 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките од Владата. Тука би сакала да апелирам до работодавачите да им овозможат на вработените да ги остварат своите права, а државата активно работи на мерки за поддршка на компаниите“, посочи Филипоска-Грашкоска.

Таа повика сите кои кои имаат созданание за непочитување на овие мерки да пријават во инспекторатот на бројот 15131.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik