Новата инвестиција од 15 милиони евра е нов стимул за економијата

Bez autora
May 09 2021

Премиерот Зоран Заев по посета на Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово изјави дека се реализира уште една значајна инвестиција за нашата земја.

„Денес се поставува камен-темелникот на новата заедничка инвестиција на американската компанијата ‘Леар’ и ‘Нормак инвестмент груп’ тука во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон се гради на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места“, изјави Заев.

Тој додаде дека и во услови на пандемија Владата силно се залага за одржување и зајакнување на економската активност и ги поздрави плановите на инвеститорот до ноември 2021 година да биде завршена и втората фаза од инвестицијата.

„Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето. За сметка на тоа, овие инвестиции даваат голем придонес за локалниот регион во контекст на вработување, развој на човечкиот капитал, дополнително ја подобруваат извозната структура, креирајќи производи со повисока додадена вредност. Исто така, го подобруваат технолошкото ниво на економијата, а се подобрува и пристапот до меѓународните пазари на капитал“, потенцира Заев.

На поставувањето на камен-темелникот на новата инвестиција присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за финансии и за надворешни работи, Фатмир Бесими и Бујар Османи, а се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој ја поздрави новата инвестиција.

„Ваквите инвестиции и инвеститори што продолжуваат да ги шират инвестициите во земјата уште еднаш ни докажуваат дека сме на вистинскиот пат како Влада во привлекувањето и поддршката на странските инвеститори. Тоа значи дека ќе се зголеми вработеноста во овој регион. Сакам да најавам дека засилено работиме на измени и дополнувања на Законот за финансиската поддршка на инвестициите, со што во наредниот период дополнително ќе се зголеми поддршката, а ќе се олеснат условите за сите инвеститори во земјата и новина е што финансиската поддршка ќе биде фокусирана и на рамномерниот регионален развој“, изјави Бектеши.

Американската компанија „Леар“ е меѓу светските лидери за производство на седишта на возила со високи перформанси, водечки во оваа индустрија, истакнуваат надлежните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik