Kириите во скопје намалени за 40 отсто

Bez autora
Aug 25 2014

Луксузно наместен стан во Аеродром за 300 евра. Се издава луксузна куќа во Kисела Вода од 400 квадратни метри за 1.000 евра. Двособен стан за 150 евра во Ново Лисиче. Ова се само дел од огласите што се нудат во јавните гласила и на специјализираните веб-страници. Ниту почетокот на новата учебна и академска година не донесе поголемо раздвижување на берзата за издавање станови. Во Агенциите за недвижен имот велат дека зголемениот број на празни станови донесе голема понуда, а ѕоа директно влијаело на намалувањето на висината на кириите. Според нив, понудата за станови под кирија е зголемена за 50 отсто, а кириите се намалени за 40. Според Заводот за статистика, лани во земјава биле изградени 6.528 стана со вкупна површина од 557.103 квадратни метри, бројка што е највисока во споредба со другите години од периодот 2009-2013 година. Само во споредба со 2012 година, бројката на нови станови се зголемила за 1,5 процент...

Луксузно наместен стан во Аеродром за 300 евра. Се издава луксузна куќа во Kисела Вода од 400 квадратни метри за 1.000 евра. Двособен стан за 150 евра во Ново Лисиче.

Ова се само дел од огласите што се нудат во јавните гласила и на специјализираните веб-страници. Ниту почетокот на новата учебна и академска година не донесе поголемо раздвижување на берзата за издавање станови. Во Агенциите за недвижен имот велат дека зголемениот број на празни станови донесе голема понуда, а ѕоа директно влијаело на намалувањето на висината на кириите. Според нив, понудата за станови под кирија е зголемена за 50 отсто, а кириите се намалени за 40. Според Заводот за статистика, лани во земјава биле изградени 6.528 стана со вкупна површина од 557.103 квадратни метри, бројка што е највисока во споредба со другите години од периодот 2009-2013 година. Само во споредба со 2012 година, бројката на нови станови се зголемила за 1,5 процент. 

Неиздадени станови и по две години 
Ако ги прашате сопствениците, ќе ви речат дека до пред две години истите станови ги издавале за двојно повисока кирија. Сега се подготвени и за многу помалку, само да има некој да им го одржува станот и да плаќа комунални трошоци. Прво нешто што ви кажуваат во телефонскиот разговор се бројот на соби, главно сите бараат закупец за подолго време, а веќе следно е дека ако станот ви се допадне и платите однапред, киријата не е фиксна и оти може да се договорите за пониска сума. Во неврзан муабет велат дека дел од становите се празни и повеќе од шест месеци.

- Лани во август се преселивме во нова куќа. Станот од 72 квадратни метри во кој живеевме во Ново Лисиче остана наместен. Има буквално с` што е потребно, од наместени две спални соби, до апарати за домаќинство, машина за садови и за сушење алишта. Го издавам веќе 11 месеци по цена од 250 евра. Се јавуваат и агенции, но за овој период само еден млад брачен пар дојде да го види. Понудија само 150 евра, го видоа, и рекоа дека им е скапо. Не знам што очекуваат, вели Јасмина Христовска од Скопје. Таа е подготвена да преговара и за кирија пониска од 200 евра, но нема заинтересирани.

Kириите паднати за половина 
Во Агенциите за недвижности потврдуваат дека кириите се драстично намалени. 

- Понудата за станови под кирија е зголемена за 50 отсто последниов период, а кириите се намалени за 40. Точно е дека има станови што се издаваат и подолго време. Очекувавме раздвижување овој месец поради почетокот на новата училишна година, но најверојатно учениците и студентите ги избегнуваат агенциите за да ги намалат трошоците. Но и да е така, сепак има многу станови и факт е дека кириите се драстично намалени - велат во Агенцијата за недвижности „Бастион“. 

Од Агенцијата „Беладона рекс“ велат дека кај нив се бараат само станови за изнајмување од 150 до 200 евра.

- Падната е побарувачката за изнајмување, но и за купување. Се бараат станови во вредност од 45.000 до 50.000 евра за купување или за издавање до 10.000 денари. Тие на кои им треба стан бараат да биде наместен, да има с` што е потребно и да биде евтин. Kириите се паднати низ целиот град, нема некоја посебна општина каде што се бара повеќе или помалку. Но ова беше очекувано бидејќи масовно се гради - велат во „Беладона рекс“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik