Во Oхрид квадрат земјиште чини 3.561 денар, во Cкопје 58.097

Bez autora
May 23 2015

Скопје е лидер во државата според бројот на трансакции на недвижности и закупи, но највисоката трансакција, во изминатите два месеца, се случила во Охрид и изнесува 74.261.000 денари при купопродажба на објект со големина од 6.751 квадратен метар. Ова го покажало двомесечното функционирање на Регистарот на цени и закупнини со обработени повеќе од 5.000 трансакции. Агенцијата за катастар на недвижности преку ГИС-порталот (gis.katastar.mk) на својата веб-страница почна да ги објавува цените на сите купопродажби и закупи запишани во регистарот на цени и закупнини. На порталот се достапни информации за бројот на трансакции на одредена локација, за постигнатата цена, за типот на недвижноста, квадратурата, за типот на трансакција и датумот кога е извршена...

Скопје е лидер во државата според бројот на трансакции на недвижности и закупи, но највисоката трансакција, во изминатите два месеца, се случила во Охрид и изнесува 74.261.000 денари при купопродажба на објект со големина од 6.751 квадратен метар. Ова го покажало двомесечното функционирање на Регистарот на цени и закупнини со обработени повеќе од 5.000 трансакции.

Агенцијата за катастар на недвижности преку ГИС-порталот (gis.katastar.mk) на својата веб-страница почна да ги објавува цените на сите купопродажби и закупи запишани во регистарот на цени и закупнини. На порталот се достапни информации за бројот на трансакции на одредена локација, за постигнатата цена, за типот на недвижноста, квадратурата, за типот на трансакција и датумот кога е извршена.

„Објавените цени се истражени во договорите за купопродажба. Во Регистарот се внесени и оданочените вредности. Првичните анализи покажаа дека за околу 20 проценти се прикажуваат пониски цени во споредба со оданочените. Целта на Регистарот на цени е оваа разлика да исчезне и ние очекуваме дека тоа ќе се постигне и дека ќе дојде време кога правните и физичките лица кои продаваат и купуваат имот ќе ги прикажуваат реалните цени“, рече директорот на Катастарот, Славчо Трпески.

Во Охрид просечната цена за квадрат земјиште во градот изнесува 3.561 денар, а во околината 358 денари. Во Скопје, пак, во општина Карпош е постигната просечна цена од 58.097 денари за квадратен метар, а во Кисела Вода 2 од 49.136 денари квадрат.

Кај закупите најголема вредност е постигната во Скопје во катастарската општина Центар 2, каде што за деловен простор со површина од 287 квадрати закупнината изнесува 411.335 денари. Најголем број закупи, 116, се случиле на територијата на катастарската општина Центар 1, со постигната просечна цена 449 денари за квадрат. Закупот на квадрат во Охрид чини 397 денари.

Регистарот на цени е основната алатка која треба да придонесе за масовната проценка на недвижностите, за што Катастарот потпиша меморандум со Комората на проценувачи со која ќе воспостави и база на проценки на недвижностите.

„За примена на меморандумот, Агенцијата за катастар на недвижности ќе ја воспостави и ќе ја одржува базата на процени и ќе обезбеди бесплатен пристап на проценувачите до базата. Проценувачите се должни да ги внесуваат податоците од секоја извршена поединечна процена на недвижен имот. Членовите на комората ќе можат бесплатно да ги користат податоците од базата на проценки“, рече Надица Младеновска-Крцкоска, директор на Комората на проценувачи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik