„Пуцко петрол“ и „Бауер БГ“ ги добиле највредните договори за јавни набавки со општините

Bez autora
Jul 18 2018

Нафтениот дистрибутер „Пуцко петрол“ и градежните компании „Бауер БГ“ од Скопје и „НБ-компани“ од Тетово се на врвот на листата според вредноста на добиените тендери од општините, покажа базата податоци која ја изработи Центарот за граѓански комуникации. На прво место според вредноста на склучените договори во текот на 2017 година е компанијата „Пуцко петрол“ од Пласница, која склучила 29 договори за продажба на нафтени деривати на општините во вкупна вредност од околу 3 милиони евра. Во споредба со претходната година произлегува дека „Пуцко петрол“ ја дуплирал вредноста на јавните набавки.

„Пуцко петрол“ и „Бауер БГ“ ги добиле највредните договори за јавни набавки со општинитеНафтениот дистрибутер „Пуцко петрол“ и градежните компании „Бауер БГ“ од Скопје и „НБ-компани“ од Тетово се на врвот на листата според вредноста на добиените тендери од општините, покажа базата податоци која ја изработи Центарот за граѓански комуникации.

На прво место според вредноста на склучените договори во текот на 2017 година е компанијата „Пуцко петрол“ од Пласница, која склучила 29 договори за продажба на нафтени деривати на општините во вкупна вредност од околу 3 милиони евра.

Во споредба со претходната година произлегува дека „Пуцко петрол“ ја дуплирал вредноста на јавните набавки (во 2016 година вредноста на договорите на овој трговец на нафтени деривати изнесувала 1,5 милион евра).

На второ место според вредноста е градежната компанија „Бауер БГ“, која во 2016 година беше прва.  Третото место ѝ припадна на тетовската градежна компанија „НБ-компани“, која во 2016 година беше на деветтото место според вредност на договорите за јавни набавки.

Според податоците, општините и Градот Скопје во 2017 година склучиле 2 737 договори за јавни набавки во вкупна вредност од приближно 80 милиони евра. Вредноста на набавките на стоки, услуги и работи од единиците на локална самоуправа во 2017 година е помала од претходната година за 62 милиони евра.

Градот Скопје е на врвот и според бројот и според вредноста на договорите. Притоа, во 2017 година Скопје склучило 153 договори за јавна набавка во вредност од околу 10 милиони евра, што е за 6 милиони евра помалку од претходната година.

Втора на листата според вредноста на склучените договори за јавни набавки лани е скопската општина Аеродром со потрошени 4,7 милиони евра или 5,9% од вредноста на сите општински тендери. На третото место, пак, според вредноста на тендерите во 2017 година е општина Куманово со потрошени околу 4,4 милиони евра, што е за 20,7% помалку од 2016 година.

На дното, пак, според бројот на договори е општина Градско, а според вредноста на договорите општина Пласница. Градско има склучено само 3 договори во вредност од околу 56 илјади евра, а Пласница, пак ,има 4 договори, но во вредност од само 21 илјада евра. Притоа две општини, Ранковце и Шуто Оризари, немале ниту еден договор за јавна набавка.

Дури 58%  од парите за јавни набавки во 2017 година се потрошени за работи, потоа 26% за услуги и само 16% за набавка на стоки.

Сиве овие податоци произлегуваат од Базата на податоци за јавните набавки на општините во 2017 година изработена од Центарот за граѓански комуникации, во која се вклучени вкупно 2 737 договори на општините склучени со 1 048 фирми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik