Долетаа евтини летови, навалете

Bez autora
Mar 27 2011

Долгоочекуваните евтини летови, конечно, почнаа да слетуваат и нашите аеродроми. Со нив за дваесетина евра ќе може да се лета до Венеција со нискобуџетната компанија „Виз ер“, двапати неделно од јуни до октомври. Помалку од 100 евра ќе чини и билет за Анкона или за Венеција од скопскиот аеродром „Александар Велики“ со италијанската компанија „Бел ер Јуроп“, која е нова на македонскиот пазар. Со новите летови македонските граѓани, конечно, добиваат можност и избор да купат билет со пристојна цена за да отпатуваат до поголем број европски дестинации. Зголемениот интерес на домашните и на странски компании за превоз на патници, како и влезот на конкуренција од нискобуџетните оператори, најавува пад на изгор цените што досега ги плаќаа нашите граѓани во споредба со оние на европските туристи, но и нашите најблиски соседи, во Солун, Софија, Белград и во Приштина.

Долетаа евтини летови, навалетеДолгоочекуваните евтини летови, конечно, почнаа да слетуваат и нашите аеродроми. Со нив за дваесетина евра ќе може да се лета до Венеција со нискобуџетната компанија „Виз ер“, двапати неделно од јуни до октомври.

Помалку од 100 евра ќе чини и билет за Анкона или за Венеција од скопскиот аеродром „Александар Велики“ со италијанската компанија „Бел ер Јуроп“, која е нова на македонскиот пазар. Со новите летови македонските граѓани, конечно, добиваат можност и избор да купат билет со пристојна цена за да отпатуваат до поголем број европски дестинации. Зголемениот интерес на домашните и на странски компании за превоз на патници, како и влезот на конкуренција од нискобуџетните оператори, најавува пад на изгор цените што досега ги плаќаа нашите граѓани во споредба со оние на европските туристи, но и нашите најблиски соседи, во Солун, Софија, Белград и во Приштина.

Првите патници за Венеција со „Виз ер“ ќе полетаат на 21 јуни, еден ден откако ќе биде реализиран првиот лет на оваа компанија кон Лондон. Македонските туристи ќе можат со оваа компанија да летаат за Венеција секој вторник и сабота, додека за Лондон, три пати неделно, во понеделник, среда и во петок. Според дозволата што ја добила од Агенцијата за цивилно воздухопловство, летовите на „Бел ер Јуроп“, за Анкона и за Венеција ќе стартуваат од 17 април, секој четврток, додека од 16 јуни ќе се лета два пати неделно, во четврток и во недела.

Летово поевтино ќе се лета и за Швајцарија, каде што по либерализацијата на чартер-летовите се очекува зголемување на фреквенцијата на летови, поголема конкурентност на превозниците и намалување на цените на авиобилетите и до 70 проценти.

Во најава, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, се и чартер-летови со евтини авиобилети за Дубровник и за Сплит, за повеќе туристички дестинации во Турција, а руската компанија „Јамал“ се заинтересирала за нова линија Москва - Охрид.

„Компаниите што веќе се присутни на македонскиот пазар аплицирале и за повеќе други нови дестинации за летниот возен ред. Некои се веќе одобрени, додека, пак, за оние што се во најава се очекуваат барањата од компаниите. Агенцијата, во функција на зголемување на фреквенцијата на авиосообраќајот од нашите аеродроми, особено во летниот период, ќе одговара на барањата во рок од 24 часа“, информираат од АЦВ.

„МАТ ервејз“ од 9 април, секоја сабота, почнува да лета за Брисел, а секој петок редовно ќе ги одржува и летовите кон Амстердам. „МАТ ервејз“ ќе лета за Цирих шест пати неделно, додека секој вторник се одржува линијата за Копенхаген. Во петок се лета за Берлин и за Хамбург.

Летниот возен ред одобрен од АЦВ е зголемен за нови 330 авионски лета, информираше неодамна Агенцијата. Речиси секоја европска дестинација до која се лета од нашите аеродроми е покриена два пати неделно. По целосната либерализација на европското небо, која стартуваше во почетокот на годинава, Агенцијата е во преговори и за отворено небо и кон САД, што значи дека американски компании ќе можат слободно да слетуваат и да полетуваат и кај нас. Реконструкцијата на „Александар Велики“ и продолжувањето на пистата, заедно со либерализацијата кон САД ќе ја отвори можноста за интерконтинентални летови, велат од АЦВ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik