Грчки и македонски бизнисмен ќе градат фабрика за вода

Bez autora
Jan 23 2012

Во втората половина на годинава инвестиција вредна 2,5 милиони евра ќе се реализира во Општина Чашка. Грчкиот бизнисмен Василај Ласој, заедно со македонски бизнисмен, планира недалеку од изворите на реката Бабуна да изгради фабрика за производство на вода за пиење. Преговорите со локалната власт се при крај. Од Општина Чашка информираат дека моментално се работи на изготвување на потребната документацијата за добивање на дозвола за градба на фабриката, во која годишно ќе се полнат од три до четири милиони шишиња здрава и чиста вода за пиење, што ќе се продава на странскиот пазар. Фабриката се планира да биде изградена на само пет до шест километри од изворот на реката Бабуна, под врвот на Солунска Глава, недалеку од селото Нежилово.Произведената вода, која ќе го носи името на реката Бабуна, од која и ќе се полни, инвеститорот планира да ја продава во Русија, Белорусија, Италија и во земјите од Европската унија како и во некои земји од Азија и Африка.

Грчки и македонски бизнисмен ќе градат фабрика за водаВо втората половина на годинава инвестиција вредна 2,5 милиони евра ќе се реализира во Општина Чашка.

Грчкиот бизнисмен Василај Ласој, заедно со македонски бизнисмен, планира недалеку од изворите на реката Бабуна да изгради фабрика за производство на вода за пиење. Преговорите со локалната власт се при крај.

Од Општина Чашка информираат дека моментално се работи на изготвување на потребната документацијата за добивање на дозвола за градба на фабриката, во која годишно ќе се полнат од три до четири милиони шишиња здрава и чиста вода за пиење, што ќе се продава на странскиот пазар. Фабриката се планира да биде изградена на само пет до шест километри од изворот на реката Бабуна, под врвот на Солунска Глава, недалеку од селото Нежилово.Произведената вода, која ќе го носи името на реката Бабуна, од која и ќе се полни, инвеститорот планира да ја продава во Русија, Белорусија, Италија и во земјите од Европската унија како и во некои земји од Азија и Африка.

- Направени се сите потребни анализи за квалитетот на водата. Таа е повеќе од добра. Со консултантите сега работиме на потребната документацијата. Средствата за оваа инвестиција во целост се обезбедени. Штом ќе ги добиеме дозволите веднаш ќе почнеме со градба. На потег е државата - вели грчкиот инвеститор Василај Ласој.

Оваа инвестиција е очекувана за Општината Чашка. Градоначалникот Горанчо Пановски вели дека во изминатите две години напорно работеле за промоција на природните ресурси со кои располага Општината. Пановски открива дека покрај фабриката за вода на реката Бабуна, годинава во план е реализација на уште две поголеми инвестиции од кои егзистенција ќе најдат повеќе од 70 невработени лица.

- Постои заинтересирана фирма за стопанисување со земјиштето на кое се наоѓаат неограничени количества глина од која до пред неколку години керамичката индустрија "Киро Ќучук" од Велес, во погонот во Населба Чашка, ги произведуваше најквалитетните тули во Македонија. Покрај ова, во најскоро време очекуваме Владата да ни го даде во владение хотелот во селото Врановци, кој во осумдесеттите години на минатиот век беше изграден со средства на 22 велешки фирми. Со хотелот до неодамна стопанисуваше велешката керамичка индустрија, но сега тој е затворен. Сакаме да го отвориме повторно - вели градоначалникот Пановски.

Според него овој објект во историското Горно Врановци, е неопходен за развојот на туризмот ако се има во предвид фактот дека Општината располага со поголем број историски и културни споменици од нашето подалечно и поблиско минато. Минатата година со минимални капацитети за сместување на гостите, Општината ја посетиле 15.000 туристи. Најпосетени биле домот во Богомила, потоа планинарските домови во Папрадиште, Мокрени, Ореов Дол и планинарскиот дом Чеплес под Солунска Глава.

Инаку, во најеколошката општина во Македонија засега доминира земјоделството. По реализацијата на овие најавени инвестиции, како и повеќегодишната експлоатација на кварцот, кој го има по течението на реките Бабуна, Тополка и Изворчица, се очекува сликата да се промени. Во Општината веруваат дека овие инвеститори ќе бидат поттик за други со кој ќе се развива малото стопанство во Чашка и со тоа работа ќе обезбедат поголем број невработени лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik