МФ достави барање до 21 меѓународна финансиска институција и банка за интерес за финансирање на брза пруга

Bez autora
Jun 18 2025

Министерството за финансии (МФ) денес достави барање за искажување интерес до 21 меѓународна финансиска институција и странска деловна банка за финансирање на проектот за градење брза железница по должината на Коридорот 10.

Се работи за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои некои се институции со кои државата и претходно имала соработка на одредени проекти.

Поточно, барањето е доставено до Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Француската агенција за развој, КФВ Банката за развој, Италијанската банка за развој, Јапонската агенција за меѓународна соработка, германската ДЗ Банка, Морган Стенли, Уни Кредит Банка Австрија, Сити банк, ЏП Морган, Дојче Банк, Сосиете Женерал, Рајфајзен банк, ЕРСТЕ банк, Банка ИМИ, Банка на Америка, јапонската МУФГ Банка, како и американската Голдман Сакс.

Според соопштението од прес-службата на Министерството за финансии, вкупниот износ потребен за реализација на проектот е 1,91 милијарда евра.

Од Министерството за финансии објаснуваат дека, согласно испратеното барање, меѓународните финансиски институции и странските деловни банки треба да го достават својот одговор за искажување интерес до крајот на тековниот месец, со можност за продолжување на рокот по барање на банките. Министерството за финансии го испраќа барањето за искажување интерес до меѓународните финансиски институции врз основа на Заклучок на Владата и врз основа на законските прописи, односно Законот за јавен долг.

Заедно со барањето, Министерството за финансии до меѓународните финансиски институции и банките испраќа и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така е разгледано од страна на Владата.

Како што претходно изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, “станува збор за 1,91 милијарда евра кои ќе бидат побарани како понуда од поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР.”

Премиерот Христијан Мицкоски очекува изградбата на брзата пруга да започне годинава. “Очекувам периодот формално да испратат дописи до потенцијалните заемодавачи. Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга што ќе значи многу во историска и транспортна смисла,” изјави денес Мицкоски од Битола.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik