Потрошувачите во Македонија од вторник, 17 јуни, ќе можат да се регистрираат и да купуваат преку „Пејпал"(PayPal). Како што најави одговорниот директор на „Пејпал" за Европа, Блискиот Исток и Азија, Руперт Килеј, ова проширување на понудата ќе го зголеми бројот на земјите каде што компанијата ги нуди своите услуги на 203. "Пејпал" е во период на преродување и освежување на многу услуги за да бидат полесни за користење на мобилен телефон, со што ќе се овозможи проширување во брзорастечки пазари, вели Килеј. Од денеска потрошувачите на нови 10 земји, вклучувајќи ја и Македонија, кои имаат пристап на интернет и платежна картичка со која можат да се вршат интернет-трансакции, можат да регистрираат сметка на „Пејпал" и да купуваат од милиони веб-страници во светот.
Потрошувачите во Македонија од вторник, 17 јуни, ќе можат да се регистрираат и да купуваат преку „Пејпал"(PayPal).
Како што најави одговорниот директор на „Пејпал" за Европа, Блискиот Исток и Азија, Руперт Килеј, ова проширување на понудата ќе го зголеми бројот на земјите каде што компанијата ги нуди своите услуги на 203.
„'Пејпал' е во период на преродување и освежување на многу услуги за да бидат полесни за користење на мобилен телефон, со што ќе се овозможи проширување во брзорастечки пазари", вели Килеј.
Од денеска потрошувачите на нови 10 земји, вклучувајќи ја и Македонија, кои имаат пристап на интернет и платежна картичка со која можат да се вршат интернет-трансакции, можат да регистрираат сметка на „Пејпал" и да купуваат од милиони веб-страници во светот.
Првично „Пејпал" ја нуди само услугата „send money", со која потрошувачите можат да платат за производите и услугите на интернет-продавници кои имаат опција за плаќање преку „Пејпал" и кои ги штитат нивните финансиски детали. Оваа услуга е бесплатна за потрошувачите, а трошоците се покриени преку претплатата за „Пејпал" на интернет-трговците.
Компанијата, која е во сопственост на „И-беј", сè уште не нуди услуга за трансакции од еден кон друг корисник. Исто така, сè уште не им дозволува на локалните онлајн-трговци во Македонија и другите девет земји да наплаќаат преку „Пејпал", ниту нуди какви било видови банкарски услуги.
Инаку, од десетте земји има вкупно 80 милиони интернет-корисници кои ќе имаат пристап кон „Пејпал". Покрај Македонија, тука се Белорусија, Молдавија, Монако и Црна Гора од Европа, потоа Нигерија, Камерун, Брегот на Слонова Коска и Зимбабве од Африка, како и Парагвај од Јужна Америка.
Во моментов „Пејпал" има 148 милиони корисници во светот и оперира во 190 земји уште од 2007 година. Лани беа вклучени Египет, Грузија и Србија. Околу една четвртина од наплатата, која изнесува 52 милијарди долари во првиот квартал од 2014 година, е од прекугранични трансакции. „Пејпал" пријави вкупни приходи во периодот од 1,8 милијарда долари.