Просечната нето-плата во август достигна 48.733 денари

Bez autora
Oct 26 2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што претставува зголемување од 7,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Годишниот раст на просечната нето-плата, пред сè, се должи на зголемувањето на примањата во секторите снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде што е забележан раст од 11,9 проценти.

Зголемување на платите има и во административните и помошните услужни дејности, за 10,7 проценти, како и во преработувачката индустрија, за 9 проценти.

Во споредба со јули 2026 година, раст на просечната исплатена нето-плата е забележан во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 5,4 проценти. Следуваат уметноста, забавата и рекреацијата со раст од 5 проценти и административните и помошните услужни дејности со 4,2 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август 2026 година изнесувала 73.336 денари, соопшти Државниот завод за статистика.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik