Шест милиони евра за седум мали хидроцентрали

Bez autora
Mar 27 2011

За кредитната линија од шест милиони евра за изградба на седум мали хидроцентрали одобрена во декември минатата година, вчера се потпиша договор помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и конзорциумот Феро инвест" - Гранит". Вчера, исто така, министерот за економија, Фатмир Бесими, во името на Владата потпиша Директен договор со ЕБОР, со што ќе се обезбеди континуитет во изведувањето на проектите за мали хидроелектрични централи. Се реализира втората фаза од проектот за изградба на мали хидроцентрали во Македонија, со која им се овозможува на инвеститорите реализација на проектите. Тоа покажува дека само тие што не се одлучни, не можат да успеат, а одлучните секако успеваат.

Шест милиони евра за седум мали хидроцентралиЗа кредитната линија од шест милиони евра за изградба на седум мали хидроцентрали одобрена во декември минатата година, вчера се потпиша договор помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и конзорциумот Феро инвест" - Гранит".

Вчера, исто така, министерот за економија, Фатмир Бесими, во името на Владата потпиша Директен договор со ЕБОР, со што ќе се обезбеди континуитет во изведувањето на проектите за мали хидроелектрични централи.

- Се реализира втората фаза од проектот за изградба на мали хидроцентрали во Македонија, со која им се овозможува на инвеститорите реализација на проектите. Тоа покажува дека само тие што не се одлучни, не можат да успеат, а одлучните секако успеваат - рече министерот Бесими.

Тој појасни дека во наредниот период конзорциумот ќе изгради седум мали хидроцентрали во крајниот североисточен и крајниот југозападен дел на Македонија со годишно производство од 22.151 мегават часови и инсталиран капацитет од 5.454 киловат часови.

- Изградба ќе чини 11,5 милиони евра од кои 5,5 милиони евра од сопствени средства, а 6 милиони евра кредит од ЕБОР - рече министерот Бесими.

Тој нагласи дека од четири огласи досега веќе се потпишани 47 договори со вкупна вредност од 60 милиони евра. Во тек е и петтиот оглас на кој се нудат нови 44 локации за мали хидроцентрали, а треба да заврши во мај годинава. Тој истакна дека Владата веќе презела мерки за да им го олесни на инвеститорите патот за добивање на градежна дозвола што, според нив, е најтешкиот дел од реализацијата на проектите.

Сопственикот на Феро инвест", Кочо Анѓушев, истакна дека веќе е почната градбата на три од седумте локации за мали хидроцентрали и дека за останатите четири градежните дозволи треба да ги добијат до крајот на идниот месец. Тој најави дека сите седум хидроцентрали ќе бидат готови до април 2012 година кога ќе бидат пуштени во употреба.

- Опремата за малите хидроцентрали е веќе набавена и брендовите од кои е составена ни гарантираат дека таа непречено ќе функционира во следните 20 години, колку што трае концесискиот период, а и понатаму - рече Анѓушев.

Тој нагласи дека наишол на извонредна соработка како со државните органи така и со локалната самоуправа при вадењето на документите и решавањето на имотно-правните односи на местата каде што треба да никнат новите хидроелектрични централи.

- Малите хидроцентрали се мали само по името, а како градежен зафат и инвестиција се големи поради што се одлучивме нив да ги изведува компанијата Гранитт која, според мене, е можеби единствена во Македонија што може да гради во непристапни предели на повеќе локации во исто време - рече Анѓушев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik