Системот „48 часа“ првпат во Гевгелија

Bez autora
Apr 18 2011

Гевгелија е првата општина што го воведе системот за брзи услуги кон граѓаните наречен „48 часа“, со кој ќе се обезбеди точна, навремена и квалитетна услуга на јавната администрација кон барањата на граѓаните. Софтверскиот систем е донација од збратимената општина Инџија од Србија, чии експерти учествуваа во едукацијата на локалната администрација во Гевгелија за примена на новиот систем. Со повеќегодишната примена на овој систем во Инџија е подобрена ефикасноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните од јавните служби, но напоредно се обезбедени и поголема отчетност и прегледност во работата на јавните општински служби и јавното комунално претпријатие. Новиот системот ќе функционира 24 часа во денот и опфаќа воведување модерен и едноставен начин на евиденција на барањата, нов информатички модел за брз проток на информации меѓу јавните претпријатија и општинските служби, со цел да се оформи и да се достави повратна информација до граѓанинот во рок од 48 часа.

Системот „48 часа“ првпат во ГевгелијаГевгелија е првата општина што го воведе системот за брзи услуги кон граѓаните наречен „48 часа“, со кој ќе се обезбеди точна, навремена и квалитетна услуга на јавната администрација кон барањата на граѓаните.

Софтверскиот систем е донација од збратимената општина Инџија од Србија, чии експерти учествуваа во едукацијата на локалната администрација во Гевгелија за примена на новиот систем.

„Со повеќегодишната примена на овој систем во Инџија е подобрена ефикасноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните од јавните служби, но напоредно се обезбедени и поголема отчетност и прегледност во работата на јавните општински служби и јавното комунално претпријатие“, истакна претседателот на Собранието на Инџија, Александар Ковачевиќ.

Новиот системот ќе функционира 24 часа во денот и опфаќа воведување модерен и едноставен начин на евиденција на барањата, нов информатички модел за брз проток на информации меѓу јавните претпријатија и општинските служби, со цел да се оформи и да се достави повратна информација до граѓанинот во рок од 48 часа, истакна на промоцијата градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов.

Барањето може да биде доставено телефонски, се СМС-порака или преку и-мејл до општинските служби за прашања што се од нивна надлежност, или ако се надвор од доменот на општинските ингеренции, ќе бидат соодветно препратени до надлежните институции, а за одговорот или за препораката до друга институција ќе добијат порака од Кол-центарот на општината.

Со вградениот софтвер и систем на комуникација меѓу институциите ќе може да бидат направени и аналитички показатели за бројот, видот и степенот на решавање на барањата и претставките од граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik