Во употреба патот Струмица - село Попчево

Bez autora
Sep 23 2013

Пуште во употреба е новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино. Во изградбата на патот кој е во должина од 6 километри се инвестирани околу 615 илјади евра. Според премиерот Никола Груевски се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци, со што во целост ќе биде изградена патната инфраструктура, а регионот ќе добие и дополнителна туристичка вредност. Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето.

Во употреба патот Струмица - село ПопчевоПуште во употреба е новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино. Во изградбата на патот кој е во должина од 6 километри се инвестирани околу 615 илјади евра.

Според премиерот Никола Груевски се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци, со што во целост ќе биде изградена патната инфраструктура, а регионот ќе добие и дополнителна туристичка вредност.

- Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето - вели Груевски.

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, истакна дека во периодот од 2009 до крајот на 2012 година се изградени вкупно 441 километар локални патишта во вредност од 32 милиони евра.

- Во општина Струмица се изградени локалните патишта од Муртино за Свидовица во должина од 2,1 километар, Добрејци - Индустриска Зона во должина од околу еден километар и локалниот пат М-6 за селото Сачево во должина од 2,2 километри - вели Георгиевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik