За земјиште од прва класа закупнина 25 евра хектар

Bez autora
Mar 27 2011

Министерството за земјоделство нуди под закуп над 4.000 хектари државно земјоделско земјиште. Јавниот оглас за давање под закуп до 10 хектари државно земјоделско земјиште е во согласност со најновите измени на Законот за земјоделско земјиште. Земјиштето се наоѓа во 17 општини во државата, а времетраењето на закупот е од 15 до 50 години, во зависност од насадот и културата. За првпат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнување на оранжерии, што не беше случај досега. Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, новина е и тоа што физичките лица може, но и не мора, да бидат регистрирани вршители на земјоделска дејност.

За земјиште од прва класа закупнина 25 евра хектарМинистерството за земјоделство нуди под закуп над 4.000 хектари државно земјоделско земјиште.

Јавниот оглас за давање под закуп до 10 хектари државно земјоделско земјиште е во согласност со најновите измени на Законот за земјоделско земјиште. Земјиштето се наоѓа во 17 општини во државата, а времетраењето на закупот е од 15 до 50 години, во зависност од насадот и културата.

За првпат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнување на оранжерии, што не беше случај досега. Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, новина е и тоа што физичките лица може, но и не мора, да бидат регистрирани вршители на земјоделска дејност.

- Според критериумите, предност или поголем број бодови ќе имаат понудувачите кои живеат во местата каде што е огласено земјоделското земјиште - вели Димовски.

Според него, за разлика од претходните огласи, сега почетната цена за хектар се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјоделското земјиште. Така, за земјиште од 1 до 4 катастарска класа цената ќе изнесува 25 евра, а за земјиште од 5 до 8 класа ќе биде 15 евра. Почетната цена за земјоделско земјиште што се наоѓа во планинско подрачје од 1 до 4 класа ќе изнесува 15 евра, а од 5 до 8 класа 5 евра.

- Во моментов тече повикот за катастарските општини Росоман и Сопот во Општина Кавадарци, како и во Криволак во Општина Неготино - рече Димовски.

Министерството за земјоделство досега има склучено 4.524 договори за закуп на земјоделско земјиште за површина од 140 илјади хектари. Од 2006 до 2010 година објавени се 40 јавни огласи за распределба на државно земјоделско земјиште на 37.790 хектари и склучени се 3.614 договори со земјоделски производители. Износот од закупнината платена во последните три години изнесува 566 милиони денари.

Слична е состојбата и со доделеното земјиште на плодоуживање на социјално необезбедени лица. Од минималните површини до 2006 година сега има 499 плодоуживатели кои обработуваат околу 3.700 хектари.

Според Димовски износот на закупнината што е приход во Буџетот на РМ во последните три години изнесува 566 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik