Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%

Bez autora
Mar 10 2026

Просечната пензија за жените на возраст од 65 години или повеќе во ЕУ е за околу 24,5% пониска од онаа на мажите.

Во Македонија пензијата на жените е за 18,2 отсто пониска од пензијата на мажите.

Според податоците на Евростат во 2024 година, најголемите разлики во пениите меѓу мажите и жените се забележани во Малта (40,3%), Холандија (36,3%) и Австрија (35,6%), додека најмали разлики има во Естонија (5,6%), Словачка (8,4%) и Унгарија (9,6%).

Во Македонија, последен достапен податок на Евростат се однесува на 2023 година, кога пензијата на жените била за 18,2 отсто пониска од пензијата на мажите.

Во регионот во најмала разлика има Црна Гора 8,3% (2024), па Албанија 15,6 (2023), Србија 16,8% (2024), Бугарија 17,5% (2025), Хрватска 19,3% (2024) и најголема во Грција 23,8% (2024).

Покрај пресметките засновани на просечните пензии, Евростат го објавува и родовиот јаз користејќи ги средните вредности на пензиите, како вредност што ја одделува горната половина на пензиите од долната половина. За разлика од просекот, медијаната е помалку чувствителна на мал број екстремно високи или ниски вредности на пензиите.

Медијалната пензија за жени во ЕУ била за 24,9% пониска од онаа за мажите. Најголеми јазови во средните пензии се забележани во Луксембург (43,3%), Шпанија (41,1%) и Холандија (39,6%), додека најмали јазови се забележани во Естонија (-0,3%), Унгарија (0,4%) и Данска (2,7%).


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik