Ковачевски: Со субвенционирана струја и ограничени маржи го штитиме стандардот, ако е потребно, пак ќе замрзнеме цени

Bez autora
Dec 29 2022

„Донесовме една многу важна одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која го продолжуваме ограничувањето на маржите до 30 април 2023 година доколку условите на пазарот со цените тоа го бараат.

Но, донесовме и одлука со која му се овозможува на Министерството за економија, доколку тоа условите на пазарот го побараат, да изврши и замрзнување на одредени цени на основните прехранбени производи“, порача премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во парламентот.

„Дополнително на тоа, Владата овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи сè додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија“, посочи Ковачевски.

Рече дека со оваа мерка цената на субвенционираната енергија е 80 евра за мегават-час, а ако не е оваа можност, производителите би требало да платат до 5 пати повисока цена.

„Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа на пазарот да имаме коригирани цени“, додаде Ковачевски.

Според него, првите резултати на пазарот се: намалување на цената на млекото од 76 на 74 денари, на маслото од сончоглед од 165-167 на 112 денари, а цената на месните преработки е намалена во просек од 4 до 8 проценти.

Тој соопшти и дека инспекциските служби ги следат цените на основите прехранбени производи и дека се прават и редовни контроли во делот на Законот за трговијата за да се заштити домашниот пазар од злоупотреби во прометот, а само во текот на овој месец направени се 240 инспекциски контроли.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik