Првите 12 километри од автопатот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во 2027 година

Bez autora
Nov 18 2026

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп – Битола треба да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година се очекува да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова го соопшти Општина Битола по работната средба со претставници на „Бехтел и Енка“.

Во 2027 година ќе се работи и на делницата пред Битола. Според Општината, „до крајот на 2028 година вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат“. Последен ќе биде пуштен во сообраќај делот кон Прилеп, каде што претходно треба да се решат прашањата со експропријацијата и преместувањето на постојната инфраструктура.

За динамиката на изградбата информираа новиот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“ Ашвин Рао, заменик-раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде. На средбата присуствуваа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и помошник-раководителот на Секторот за економски развој на Општина Битола Венцо Шишкин.

Од Општината најавија дека во Битола и во Прилеп ќе се организираат и саеми за вработување за ангажирање работници за потребите на проектот.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik