10 денари за „смедеревка“ и 12 денари за „вранец“

Bez autora
Sep 18 2021

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, одржа состанок со претставници на винариските визби.

По два и пол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за „смедеревка“ да изнесува 10 денари и 12 денари за „вранец“. На сите лозари што предале грозје под овие цени разликата ќе им биде надоместена од страна на винарниците.

Корекцијата на цените ќе стапи во сила веднаш, уште од вечерва. Исто така, министерот Хоџа го реафирмира ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денара директно за лозарите.

„Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп, со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека министерот во договор со винарниците ветил дека ќе се откупи целата количина произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik