Во земјоделството има константен дефицит на работна сила, особено во лето.
И покрај тоа што дневниците не се многу големи, но на оние кои им треба дополнителен приход може да заработат и по 50 евра дневно од садење и берба на земјоделски производи. Земјоделците велат дека постојната работна сила е стара над 55 години и не е продуктивна затоа им требаат младите кои се попродуктивни, имаат повеќе енергија и можат да работат на повисоки температури. Земјоделците апелираат до младите кои не заминаа на сезонска работа надвор од државата и на кои им треба дополнителен приход да дојдат и да работат на нивите.
Земјоделците и ова лето мака мачат да најдат сезонски работници. Младите отидоа на сезонска работа во Хрватска, а оние кои останаа не сакаат да работат на нива. Во земјоделството има константен дефицит на работна сила, особено во лето. И покрај тоа што дневниците не се многу големи, но на оние кои им треба дополнителен приход може да заработат и по 50 евра дневно од садење и берба на земјоделски производи. Земјоделците велат дека постојната работна сила е стара над 55 години и не е продуктивна затоа им требаат младите кои се попродуктивни, имаат повеќе енергија и можат да работат на повисоки температури.
Тој вели дека земјоделството е тешка работа и постојано има потреба од работна сила. Во зависност од фазата на производство, односно дали се работи за садење или берба потребата од работа и дневницата е различна. Оние кои се послободни и кои можат да работат по 8 до 10 часа дневно можат да заработат и по 50 евра дневно, што не е малку.
Од Националната земјоделска мрежа велат дека за разлика од земјите во регионот кај нас нема агенции за ангажирање на работници во земјоделството. Последниве години се ангажираат работници од Албанија претежно во сточарството за чување овци и во овоштарството за берење јаболка, но тоа е стихијно и по потреба.
Земјоделците излезот од оваа ситуација го гледаат во повисоки откупни цени и загарантиран откуп за да се обезбеди сигурност и одржливост на секторот.
И соседните земји се соочуваат со ист проблем, нема работна сила во земјоделството. Српските овоштари по социјалните мрежи барат собирачи на малини, боровинки и вишни. Обезбедено е сместување и храна, а дневно може да се заработи и до 5.000 динари, односно 2.500 денари. За овие пари треба да се набере 50 килограми малини.
И во соседна Албанија, Грција и Италија постојано има потреба од берачи на земјоделски производи, маслинки и јужно овошје.