Од извоз на зелка лани биле инкасирани 30 милиони евра

Bez autora
Mar 20 2024

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека минатата година била рекордна по извозот на зелка, којшто на земјава ѝ донел девизен прилив од 29,9 милиони евра, што шретставува раст од 21% во однос на 2022 година.

Извезените количества зелка лани надминаа 64 илјади тони и се поголеми за 8,3% во споредба со 2022 година.

– Просечната цена лани изнесуваше 0,47 евра за килограм. Тоа е добра цена за разлика од 2016 година кога извозот е 15,4 милиони евра со просечна цена од 0,23 евра за килограм – вели Николовски.

Македонската зелка се продавала на 27 пазари низ целиот свет, а највисока извозна цена е постигната во Финска и во Норвешка.

Овие бројки ги потврди Државниот завод за статистика. Зелката неколку години наназад е најизвезуван зеленчук од Македонија. Статистичарите пресметале дека од Македонија лани бил извезен зеленчук во вредност од 95,1 милион евра и е за 14 милиони повеќе во однос на извезениот зеленчук во 2022 година. Во текот на 2023 година на странските пазари биле продадени околу 130 илјади тони зеленчук произведен во Македонија.

Втор најдобро продаван зеленчук во странство се пиперките кои на земјава ѝ донеле девизен прилив од 20,7 милиони евра за извезени 26 илјади тони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik