Македонците сè повеќе плаќаат со картички

Bez autora
May 31 2020

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која ја разгледа годишната информација за плаќањата во 2019 година.

Според платежната статистика за минатата година, плаќањата со картички стануваат сè поприсутни во секојдневното купување производи и услуги.

„Податоците покажуваат дека продолжува интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и на годишна основа во 2019 година изнесува 20,7 отсто. Воедно, се зголемува и бројот на трансакции на физичките места на продажба со 20,4 отсто, но уште посилно растат плаќањата со картички на интернет со 29 отсто на годишна основа. Притоа процентот на население во земјата што купува преку интернет се зголемува постојано и минатата година достигна 29 отсто од населението што користело интернет“, соопшти НБРМ.

Податоците презентирани во информацијата потврдуваат дека граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички.

Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7 отсто, при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери.

Во однос на кредитните трансфери, во рамките на годишната информација нагласено е дека електронските кредитни трансфери растат засилено во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија.

При годишен раст од 5,2 отсто на вкупните кредитни трансфери минатата година, електронски иницираните кредитни трансфери растеа побрзо со стапка од 6,2 отсто во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија, кои се зголемија 4,4 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik