Pеструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори за „Еурокомпозит“

Bez autora
Mar 21 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп најави дека за „Еурокомпозит“ ќе се бараат инвеститори и оти фабриката ќе се реструктуира.

Како што истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Витаминка“, штом ќе има резултати во однос на изнаоѓањето инвеститор, веднаш ќе бидат информирани вработените, менаџментот и граѓаните на Прилеп каде е лоцирана компанијата.

Засега, истакна Ковачевски, државата го помага работењето на „Еурокомпозит“.

- Има договор за производство со одредени добавувачи. Владата прави анализи и тие беа разгледани од Комисијата за економски систем. Согласно процедурите, ќе се влезе во процес на реструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори. Тоа ќе зависи од инвеститорите, нивните планови и производството, рече Ковачевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik