Паѓа трговската размена на македонија со странство

Bez autora
Apr 07 2015

Пад на извозот и на увозот во февруари годинава регистрирал Државниот завод за статистика, кој вчера ги објави податоците за трговската размена на земјава со странство. Во вториот месец обемот на стоковна размена со другите држави забележал намалување за 16,1 отсто. Притоа, Македонија во февруари извезла за 11,8 отсто помалку производи во странство во споредба со истиот месец лани. Додека, пак, лон извозот е намален за 10,9 проценти. Увозот се намалил уште повеќе од извозот, односно дури за 19 отсто, а кај лон увозот минусот е 10,9 проценти. Намалување на размената е регистрирано и вкупно во првите два месеци од годинава. Односно, трговијата со светот во периодот јануари - февруари годинава во однос на истиот тајминг лани паднала за 12,7 отсто. Во тој период извозот има помал пад, од 4,2 проценти, но тоа се должи на фактот што во јануари имало раст, од 4,8 отсто. Всушност, на извозот одлично му одеше во текот на целата мината година, освен декември, кога беше забележано позначајно намалување...

Пад на извозот и на увозот во февруари годинава регистрирал Државниот завод за статистика, кој вчера ги објави податоците за трговската размена на земјава со странство. Во вториот месец обемот на стоковна размена со другите држави забележал намалување за 16,1 отсто. Притоа, Македонија во февруари извезла за 11,8 отсто помалку производи во странство во споредба со истиот месец лани. Додека, пак, лон извозот е намален за 10,9 проценти. Увозот се намалил уште повеќе од извозот, односно дури за 19 отсто, а кај лон увозот минусот е 10,9 проценти.

Намалување на размената е регистрирано и вкупно во првите два месеци од годинава. Односно, трговијата со светот во периодот јануари - февруари годинава во однос на истиот тајминг лани паднала за 12,7 отсто.

Во тој период извозот има помал пад, од 4,2 проценти, но тоа се должи на фактот што во јануари имало раст, од 4,8 отсто. Всушност, на извозот одлично му одеше во текот на целата мината година, освен декември, кога беше забележано позначајно намалување.

Кај увозот, пак, во првите два месеци од годинава има многу поголем пад, и тоа за 18,3 проценти.

Инаку, вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари - февруари 2015 изнесува 674,5 милиони долари, додека, пак, биле увезени вкупно стоки од 885,3 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз била 76,2 отсто.

Трговскиот дефицит, пак, во првите два месеца од годинава достигнал 211 милиони долари, што е значајно намалување во однос на истиот период лани, кога трговскиот дефицит изнесувал 374 милиони долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури.

Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ, кои се застапени со 78,8 отсто, и земјите од Западен Балкан, со учество од 9,8 проценти. Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ, со 64 отсто. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија, земји со кои се остварува дури 53 отсто од вкупната размена.

Од овие пет земји, пак, Германија останува прв и најквалитетн трговски партнер на земјава, со кој во првите два месеци сме размениле 401 милиони долари. Од нив на извоз отпаѓаат 304 милиони долари, а сме увезле стоки од 97 милиони долари, при што покриеноста на увозот со извоз е дури 314,6 отсто.

Со Велика Британија, пак, сме истргувале 141 милиони долари, но таму извоз достигнува едвај 9 милиони долари, а увозот е 132 милиони долари, или покриеност на увозот со извоз е само 6,5 отсто.

На шесто место е Кина, со размена од 88 милиони долари во првите два месеци, и извоз од 32 милиони, а увоз од 56 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik