И оваа година ќе има ваучери за домашен туризам

Bez autora
Jan 19 2021

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција во Владата информира за програмите што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои беа донесени на последната седница на Владата.

Тој истакна дека и оваа година ќе продолжи мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи.

„Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година, дадоа резултат, особено за домашните туристички капацитети. Оваа година во таа насока продолжуваме преку оваа мерка, која почна да се реализира првпат во 2017 година“, истакна Бектеши.

Тој додаде дека за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.

Поддршката ќе изнесува 12.000 денари од апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годината по принципот прв дојден, прв услужен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik