Туристичките водичи останаа без приходи и помош

Bez autora
Jun 28 2020

Зацврстување на институционалниот дијалог, протоколи за работа како и финансиска поддршка, особено за оние туристички водичи и придружници кои не остваруваат дополнителна дејност се дел од барањата на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници МАТВП при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Потпретседателот на МАТВП, Елвир Садиковиќ, истакна дека веќе четврти месец како трпат големи финансиски загуби поради откажаните аранжмани, а немаат никаква финансиска поддршка и покрај тоа што уредно ги плаќаат даноците кон државата за дејноста што ја остваруваат.

„Финансиската поддршка во моментот е неопходна за туристичките водичи на кои ова им е основна дејност и немаат приходи по која било друга основа. За таа цел нашите апели се да бидеме вклучени во економските мерки, за амортизирање на штетите и опстанок на луѓето кои се занимаваат со оваа дејност, која е од особен интерес за државата. Поради тоа, со оглед на незавидно тешката положба на туристичките водичи, МАТВП бара неодложно изнаоѓање начин за финансиска поддршка на нашата професија со економски мерки“, изјави Садиковиќ и додаде дека Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници има доставено допис до надлежните институции со предлог-мерки за ублажување на последиците во дејноста.

МАТВП ја искажува неопходноста од зацврстување на јавно-приватниот дијалог, со сите релевантни чинители во земјата со цел да придонесе со конструктивни предлози и мерки.

„Нашиот сектор обединува околу 1.000 туристички водичи, кои од месец март не остваруваат приходи, како резултат на состoјбата предизвикана од глобалната пандемија“, додаде Садиковиќ.

Согласно комуникацијата на МАТВП со организациите од регионот и пошироко, состојбата во Србија е слична како кај нас, за разлика од Босна и Херцеговина, Турција и останатите земји каде што владите имаат одвоено средства за туристичките водичи и помош на нашата дејност да ја надмине кризата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik