Ваучерите за домашен туризам треба да се искористат до 15 декември

Bez autora
Dec 14 2020

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година.Заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.

Платформата „Дома си е дома“, преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам, ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година. Гостите коишто користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година.

Хотелиерите коишто имаат гости коишто користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.

Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари, која е дел од третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата, беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои  во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи. Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата „Дома си е дома“, соопшти Министерството за економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik