"Витаминка" го купи имотот на штипски "Брилијант" за 7,3 милиони евра

Bez autora
Feb 18 2018

„Витаминка“ потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална банка АД Скопје. Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метра, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост, сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 евра. Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. Со потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој.

„Витаминка“  потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална банка АД Скопје.

Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метра, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 евра.

Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија.

„Со потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството, како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред, што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот“, велат од „Витаминка“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik