pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 118.3363
USD 104.206
CHF 104.7873
GBP 131.5725
CAD 77.9143
HRK 15.9936
BAM 60.5044
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.04.2018.Makfax Macedonia

Швајцарската реномирана компанија Баумер инвестира во Македонија

Швајцарската реномирана компанија Баумер инвестира во МакедонијаНови 10 инвестиции се влезени во земјава за само 10 месеци по новите транспарентни мерки од Планот за Економски раст со нула денари за маркетинг. Во изминатите 10 години претходната влада потрошила 225 милиони евра за влез на вкупно 23 компании.

Од вкупните трошоци повеќе од половина од средствата, околу 130 милиони евра, беа за реклами, промоции и роуд шоуа – ова го посочи Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев во обраќањето на седницата на Собранието на која пратениците изгласаа доверба на Владата за нејзината работа.

„Последната е реномираната швајцарска компанија Баумер која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период “, изјави Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека успех на оваа Влада е тоа што за само 3 месеци од почеток на преговорите преку транспарентите мерки од Планот за економски раст инвеститорите се одлучуваат да инвестираат во земјава, за разлика од порано, кога им биле потребни 3 години.

На една од последните седници, Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.

Оваа Влада ја стабилизираше земјата, и заедно со регионалното поврзување и развојот на инфраструктурата, создава поволна клима за реални и одржливи инвестиции.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share