Државниот инспекторат за земјоделство неделава ќе ги соопшти податоците за откупот на пченица

Bez autora
Aug 07 2018

Голем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно. До крајот на оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, ќе излезе со точни податоци колкава количина на пченица е досега откупена. Ова го соопшти на прес-конференција шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. Тој рече дека откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна. Во моментов откупната цена на пченицата со висок квалитет се движи од 9 до 10,5 денари за килограм. Димовски потенцираше дека МЗШВ работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни.

Државниот инспекторат за земјоделство неделава ќе ги соопшти податоците за откупот на пченицаГолем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно. До крајот на оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, ќе излезе со точни податоци колкава количина на пченица е досега откупена.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Тој рече дека откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна. Во моментов откупната цена на пченицата со висок квалитет се движи од 9 до 10,5 денари за килограм.

Димовски потенцираше дека МЗШВ работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни.

„Уште пред почетокот на жетвата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа повеќе состаноци со земјоделците и со мелничарите, со цел да се слушнат предлозите на сите засегнати страни и да се овозможи непречен откуп. Политиките и мерките што ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, се во насока на зголемување на производството и создавање на квалитетен и конкурентен производ“, посочи Дикмковски, додавајќи дека во моментов на квалитетно зрно, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik