pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 118.3704
USD 103.9522
CHF 104.5767
GBP 133.0902
CAD 78.1839
HRK 15.9308
BAM 60.5218
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
09.08.2018.Makfax Macedonia

Зголемена добивката на „Македонски телеком“ за 33,5 отсто

Зголемена добивката на „Македонски телеком“ за 33,5 отстоНето-добивката на „Македонски телеком“ за првите шест месеци од 2018 година е зголемена за 33,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 816 милиони денари.

Приходите од продажба изнесуваат 5 017 милиони денари, што претставува зголемување за 1,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

„Македонски телеком“ успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 57,4 отсто (интерна проценка), односно 209,6 илјади корисници на крајот на првите шест месеци од 2018 година.

Во однос на ТВ-пазарот, „Македонски телеком“ има 29,1 отсто удел во вкупниот ТВ-пазар, според интерните проценки. IPTV (дигитална телевизија преку интернет-протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ-искуство е добро прифатена на пазарот.

Па така, компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Internet&TV и други ТВ услуги) за 8,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 121,7 илјади корисници на крајот од првите шест месеци од 2018 година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите шест месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 189,9 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 44,8 отсто, според интерна-проценка.

Како резултат на стратешката иницијатива за забрзување на фиксниот сегмент, успеавме да направиме пресврт на негативниот тренд во овој сегмент. Следствено, приходите од фиксни услуги (говорни услуги, интернет и ТВ) на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,4 отсто, според интерна-проценка. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2018 година изнесува 1.172 илјади претплатници и е намалена за 3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни услуги во мобилниот сегмент се зголемија за 12,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Ефектите од работењето за првите шест месеци од 2018 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со минатата година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 15 Приходи од договори со корисници.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share