Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

Bez autora
Aug 19 2018

Со цел надминување на проблемите настанати со привременото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата, на кој присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство, Константин Берсенев, заменик-амбасадор на Руската Федерација во Македонија. На состанокот беше потенцирана заинтересираноста на двете засегнати страни за наоѓање решение за настанатата ситуација. Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи во изминатата недела, меѓу кои спаѓаат: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и спроведената засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање сомнителни примероци со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Македонија.

Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извозСо цел надминување на проблемите настанати со привременото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата, на кој присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство, Константин Берсенев, заменик-амбасадор на Руската Федерација во Македонија.

На состанокот беше потенцирана заинтересираноста на двете засегнати страни за наоѓање решение за настанатата ситуација. Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи во изминатата недела, меѓу кои спаѓаат: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и спроведената засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање сомнителни примероци со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Македонија.

Фитосанитарната управа изготвува упатство за преземање мерки за деконтаминација на магацините и во насадите од коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите на коскесто овошје во случај да се утврди присуство на габата; ова е со цел да се заштитат растенијата и растителните производи од евентуално понатамошно ширење, како и соодветно управување со заразениот материјал.

На состанокот беше презентирано и изготвеното упатство за управување со штетниот организам Monilinia fructicola, кое ќе им биде споделено на фитосанитарните инспектори и земјоделските производители.

Исто така, беше договорено дека во текот на септември ќе се одржи состанок на техничко ниво меѓу претставници на надлежните органи од двете земји со цел да се разговора за актуелната состојба, но и за другите прашања за кои двете земји имаат потпишано протокол, со цел во иднина да се превенираат вакви состојби.

Привременото ограничување за извоз на коскесто овошје во Руската Федерација ќе се укине по изготвувањето извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки изготвен од надлежните органи на Македонија и негово прифаќање од страна на надлежните органи на Руската Федерација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik