„Еурокомпозит“ ќе се преструктуира, а вработените прогласени за технолошки вишок ќе добијат надомест

Bez autora
Oct 09 2018

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври“ – Прилеп и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство. Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на средбата тој рекол дека на 15 октомври Собранието на дневен ред ќе го разгледа предлог-законот за измена на Законот за приватизацијата. Со овој закон ќе се уреди можноста за остварување материјално обезбедување на вработените во комбинатот на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок, посочил вицепремиерот.

„Еурокомпозит“ ќе се преструктуира, а вработените прогласени за технолошки вишок ќе добијат надоместВицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври“ – Прилеп и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на средбата тој рекол дека на 15 октомври Собранието на дневен ред ќе го разгледа предлог-законот за измена на Законот за приватизацијата.

„Со овој закон ќе се уреди можноста за остварување материјално обезбедување на вработените во комбинатот на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок“, посочил вицепремиерот.

Тој додал дека Владата во кус временски период ќе пристапи кон обезбедување стратешки партнер со цел трајно решавање на состојбите во „Еурокомпозит 11 Октомври“ и продолжување на функционирањето на компанијата во согласност со принципите на пазарното работење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik