Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на „ФинХакатонот“. Како што беше истакнато на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко. Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење, рече министерот за финансии.
Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на „ФинХакатонот“. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот.
„Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко. Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што истакна директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, „Финхакатонот“ овозможил младите луѓе да влијаат врз транспарентноста и ефикасноста на една комплексна јавна институција како Министерството за финансии.
„Преку вакви иницијативи сакаме преку практична примена на иновации во јавниот сектор да имаме отворени и транспарентни институции, а граѓаните да добијат поефикасна и поквалитетна услуга“, рече Деспотовски.
Како што истакна претставничката на тимот кој ја изработи победничката веб-апликација на „ФинХакатонот“, Елена Андреева апликацијата треба да го направи буџетот разбирлив за сите. Апликацијата овозможува не само да се добијат бројки од буџетот, туку истовремено има и објаснувања за самите ставки, како и споредби со изминатите години со што се добива јасна слика за буџетот.
За Граѓанскиот буџет изработени се и едукативни видеа, кои на едноставен начин го објаснуваат истиот.
„Видеата се надополнуваат со веб-апликацијата и ја прават сликата уште појасна и поприемчива за целата јавност. Би сакал да истакнам дека она што е добро е што оваа апликација не се однесува само на еден Граѓански буџет, туку е платформа на која и во иднина може да се поставуваат податоци од новите буџети“, рече Стефан Митески од тимот кој го изработи победничкото видео на „ФинХакатонот“.
Граѓанскиот буџет можете да го најдете на budget.finance.gov.mk.