Македонија лани за 12 пати ја зголеми поддршката за иновации

Bez autora
Nov 29 2018

Јован Деспотовски, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, учествува на Innovation Talk 2018 – регионална конференција за технолошки иновации, која се одржува во Белград. На панелот „Иновации – поглед од Балканот“, Деспотовски заедно со министрите задолжени за иновации, наука, истражување и технологија на Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Словачка, зборуваа за улогата на државата во развојот на иновациите и подобрувањето на бизнис-екосистемот. Директорот на ФИТР ги претстави активностите што ги презема македонската влада за поддршка на иновациите во земјата, нагласувајќи дека владата годинава за 12 пати ги зголемила инвестиците во овој сектор во однос на претходните три години вкупно.

Македонија лани за 12 пати ја зголеми поддршката за иновацииЈован Деспотовски, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), учествува на Innovation Talk 2018 – регионална конференција за технолошки иновации, која се одржува во Белград.

На панелот „Иновации – поглед од Балканот“, Деспотовски заедно со министрите задолжени за иновации, наука, истражување и технологија на Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Словачка, зборуваа за улогата на државата во развојот на иновациите и подобрувањето на бизнис-екосистемот.

Директорот на ФИТР ги претстави активностите што ги презема македонската влада за поддршка на иновациите во земјата, нагласувајќи дека владата годинава за 12 пати ги зголемила инвестиците во овој сектор во однос на претходните три години вкупно.

„Нашата политика е дека иновациите се применливи секаде и сакаме да ги поттикнеме сите кои имаат иновативни идеи да ги претворат во успешни бизнис-приказни. Она што ни недостасува е креирање критична маса успешни примери со кои покрај државата, која е важен фактор, ќе се охрабрат и приватните инвеститори да вложуваат пари во иновативни проекти“, изјави Деспотовски.

Сите соговорници на дебатата се согласија дека е потребна промена на менталитетот и кај компаниите и кај инвеститорите за побрз и поефикасен развој на економијата, како и дека иднината е кај младите луѓе.

На конференцијата истакнати регионални и локални експерти од јавни и меѓународни компании дебатираат на различни панели, меѓу кои се: паметни градови, индустрија 4.0, технологија на иднината и соработка меѓу корпорации и иновации.

Учесниците на конференцијата имаат можност да се запознааат со најновите трендови во областа на иновациите и нивна примена во општеството и економијата, како и со потенцијалите за користење нови технологии во бизнисот, начинот на кој истите ги менуваат традиционалните индустрии, како и кои се националните рзвојни политики во областа.

Целта на настанот е на едно место да  се соберат сите релевантни актери од иновативниот екосистем на регионот како придонес кон отворање  нови можности за соработка во регионот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik