Просечната плата во ноември е поголема за 5,8 отсто

Bez autora
Jan 23 2019

Просечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира, соопшти Социјалдемократскиот сојз на Македонија. Продолжува трендот на раст на платите, велат од СДСМ и оценуваат дека тоа е уште еден показател дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари, што е за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира.

Просечната плата во ноември е поголема за 5,8 отстоПросечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира, соопшти Социјалдемократскиот сојз на Македонија.

Продолжува трендот на раст на платите, велат од СДСМ и оценуваат дека тоа е уште еден показател дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари, што е за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година. Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите“, наведе СДСМ во соопштението.

Владејачката партија додава дека во буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

СДСМ потсетува дека крајна цел на нивната партија е преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik