Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход

Bez autora
Jun 12 2019

Со исплата на зголемената социјална помош, почна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ. За првпат корисниците на гарантираната минимална помош добиваат детски додаток и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана во право на додаток за образование. Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приходСо исплата на зголемената социјална помош, почна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„За првпат корисниците на гарантираната минимална помош  добиваат детски додаток и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана  во право на додаток за образование.

Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Аплицирањето за новите права од социјалната реформа сè уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми.

Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество“, порача Кузмановска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik