pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.7643
USD 105.2031
CHF 106.8933
GBP 131.0385
CAD 80.0791
HRK 15.9335
BAM 60.2119
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
23.06.2019.Makfax Macedonia

Владата потпиша договор со Меѓународната финансиска корпорација за изградба на ХЕЦ „Чебрен“

Владата потпиша договор со Меѓународната финансиска корпорација за изградба на ХЕЦ „Чебрен“Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација, задолжена за Европа, Јужна Америка и Карибите и Централна Азија, Џеорџина Бејкер, денеска во Владата потпишаа договор за соработка за ажурирање техничка студија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“.

Вицепремиерот Анѓушев нагласи дека проектот за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ е проект за кој се зборува подолг временски период и за кој во минатото имаше десетина тендери, кои беа неуспешни.

„Денес, променети се повеќе работи. Прво, променет е енергетскиот пазар во регионот, денес тој е многу полиберален во однос на минатото и тој момент треба да го искористиме бидејќи ‘Чебрен’ ќе биде електрана што ќе има можност за давање секундарна регулација или таканаречена балансна енергија и таа има своја вредност во привлекувањето инвеститори. Втора промена е што проектот ќе се изведува по принципот на јавно-приватно партнерство, каде што АД ‘Електрани на Северна Македонија’, која денес е многу постабилна и поуспешна компанија, ќе биде јавниот партнер. Исто така, Република Северна Македонија денес се препознава како стабилна земја за инвестирање, што се гледа и по нивото на странски директни инвестиции“, потенцира Анѓушев.

Меѓународната финансиска корпорација ќе ѝ даде поддршка на Владата во процената на можностите на ХЕЦ „Чебрен“ во однос на регионалните енергетски системи. Целта на ИФЦ е да ѝ се помогне на Владата на Северна Македонија да го забрза одржливиот економски раст и да создаде нови работни места, како и да го зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, потенцира потпретседателката на ИФЦ, Џеорџина Бејкер.

„ИФЦ ќе изврши процена на трансакциските структури во однос на легислативата на ЕУ, а ќе извршиме и процена на можниот интерес на меѓународните инвеститори за овој проект. Владата на Република Северна Македонија има амбициозни цели за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, а Меѓународната финансиска корпорација сака да биде дел од сето тоа“, истакна Бејкер.

Студијата за ХЕЦ „Чебрен“ се очекува да биде ажурирана до последниот квартал на 2019 година по што следува распишување јавен тендер, кој би траел неколку месеци. Изборот на приватен партнер се очекува до крајот на првата половина на 2020 година по што би почнала изградбата на ХЕЦ „Чебрен“.

Инсталираниот капацитет на хидроцентралата се очекува да биде од 300 до 350 мегавати, a во согласност со реалната динамика на изведување на работите за вакви проектите се очекува првото производство од „Чебрен“ да биде по 2025-2026 година.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share