Почна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар пластик“

Bez autora
Jul 18 2019

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1. Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во првата фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза. Оваа инвестиција доаѓа од земја што е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам пригодата да му се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на протоколот за наше членство во НАТО, кое беше пред неколку дена.

Почна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар пластик“Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1.

Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во првата фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза.

„Оваа инвестиција доаѓа од земја што е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам пригодата да му се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на протоколот за наше членство во НАТО, кое беше пред неколку дена. Досега имаме 21 ратификација, со што станува извесно дека во декември Република Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Тоа истовремено значи мотивација и дополнителна позитивна провокација да привлечеме уште многу нови инвестиции, меѓу кои и инвестиции од Турција“, истакна премиерот Заев.

Премиерот посочи дека има евидентен пораст на странските директни инвестиции. Гринфилд-инвестициите пораснале 200 проценти за периодот од јуни 2018 до мај 2019 во споредба со истиот период претходно, што е нотирано во извештајот на „ФДИ маркетс“, специјален сервис на „Фајненшл тајмс“.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека производствениот погон на „Балканлар пластик“ е еден од триесетината инвестициски проекти што во моментот се реализираат во земјата, а преку кои се остваруваат плановите на Владата за силна индустријализација на земјата и се создаваат услови за побрз и одржлив раст на економијата.

„Минатата година од оваа земја забалежани се директни инвестиции во вредност од 36,2 милиони евра, а само во првиот квартал на 2019 година забележани се инвестиции од Турција во вредност од 16,3 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите од Турција покажуваат тенденција на раст, со што очекуваме директните инвестиции од Република Турција оваа година да ги надминат ланските вредности. Инвестицијата на „Балканлар пластик“ се очекува да биде околу 7 милиони евра, каде што ќе се вработат околу 300 лица, а важно е што имаат планови да се развиваат и понатаму и да го шират производството во нашата земја. Владата ќе ги поддржува сите инвеститори, странски и домашни, да реализираат нови инвестции затоа што само преку индустријализација на државата може да обезбедиме одржлив раст на економијата на подолг рок. Да извезуваме производи, а не луѓе од државата“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека Бунарџик се менува во позитвна смисла на зборот, се градат нови фабрики и има постојан влез на нови странски директни инвестиции.

„Би сакал да напоменам дека создадовме сосема нова политика за привлекување странски инвестиции сè со цел да обезбедиме нови работни места, а со тоа да придонесеме и за економскиот раст на нашата држава. Освен поддршката што ја дава Владата на Република Северна Македонија, претприемачите се запознаени дека како предуслов истовремено е и политичката стабилност, но и владеењето на правото“, истакна Бектеши.

Директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, посака успешна и навремена изградба на новата фабрика, која ќе произведува пластична амбалажа за повеќе индустрии и ќе отвори нови работни места за младите и со тоа успешно ќе придонесува во севкупниот економски раст и развој.

Менаџерот на „Балканлар пластик“, Ерен Чалишир, се заблагодари на добрата соработка со институциите и Дирекцијата на ТИР-зоните во реализацијата на инвестицискиот проект на компанијата и рече дека оваа нова фабрика ќе донесе нова вредност во економскиот развој на земјата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik