Косово пак се заканува со трговски бариери за Македонија

Bez autora
Aug 12 2019

Поради забраната за увоз на риби за порибување од Косово, властите се заканија дека ќе воведат царински бариери за увоз на повеќе македонски производи. Косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала го известил министерот за економија Крешник Бектеши и побарал да се отстранат бариерите, во спротивно се заканил дека косовската страна ќе ги разгледа мерките на реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се увезуваат на Косово. Ова кршење на обврските кон ЦЕФТА од страна на Северна Македонија предизвикува загриженост за мојата влада и ве повикувам што побрзо да најдете решение по ова прашање, му напишал косовскиот министер Шала на македонскиот министер Бектеши.

Косово пак се заканува со трговски бариери за МакедонијаПоради забраната за увоз на риби за порибување од Косово, властите се заканија дека ќе воведат царински бариери за увоз на повеќе македонски производи.

Косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала го известил министерот за економија Крешник Бектеши и побарал да се отстранат бариерите, во спротивно се заканил дека косовската страна ќе ги разгледа мерките на реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се увезуваат на Косово”.

Ова кршење на обврските кон ЦЕФТА од страна на Северна Македонија предизвикува загриженост за мојата влада и ве повикувам што побрзо да најдете решение по ова прашање, му напишал косовскиот министер Шала на македонскиот министер Бектеши.

Домашните власти, пак велат дека оваа мерка била неопходна, и не се однесува само на Косово, туку на сите држави кои немаат гаранција за здравствена исправност на нивните икри.

Она на што се однесува забраната е на порибувачкиот материјал, а тоа е икра или млади риби. Причината е што Република Северна Македонија се подготвува и многу брзо ќе добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар. Ова е нешто што е работено подолг период, и не се однесува само на Косово, туку на сите држави што немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен, вели министерот за земјоделство Трајан Димовски.

Што се однесува до забраната таа се однесува само на порибувачкиот материјал, односно за икра и млади риби, додека пак свежата риба може да се увезува во земјава.

Во 2017 година, од страна на АХВ беше испратен прашалник до официјалните ветеринарни власти на Република Косово за состојбата со болестите кај животните, меѓу кои и болестите кај рибите, но досега АХВ нема добиено одговор, односно официјално сè уште не сме запознаени со статусот со болестите, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму појаснуваат дека забраната следела по забелешката од страна на Европската комисија дека увезуваме од земји кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека порибувачкиот материјал е здравствено исправен.

Инаку ова нема да биде прва рампа за македонските производи од страна на Косово. Лани во јули косовската влада ги зголеми за 30 отсто царините за 21 земјоделски производ. По две недели Косово ја повлече забраната под притисок на ЕУ, а нашите загуби се проценија на 180 илјади евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik