НБМ: Економијата е солидна, но без големи очекувања

Bez autora
Jul 28 2013

Економската активност ќе биде солидна, но и понатаму не се очекува големо закрепнување, се вели во последниот извшетај на Народна банка на Македонија за најновите макроекономски показатели. Во него се оценува дека и кредитирањето и штедењето растат, но со забавено темпо, а девизните резерви се на пониско ниво од очекуваното. Според централната банка, последните макроекономски движења не покажуваат големи промени во амбиентот и ризиците. И понатаму, еден дел од показателите одат во прилог на понатамошно монетарно олабавување. Вкупната инфлација е во рамки на очекувањата и се оценува дека во 2013 година ќе се задржи во прифатливи рамки. Новите податоци за кредитите се во согласност со очекувањата, но ризиците се надолни, особено имајќи предвид дека растот на депозитите повторно е послаб од очекуваниот.

НБМ: Економијата е солидна, но без големи очекувањаЕкономската активност ќе биде солидна, но и понатаму не се очекува големо закрепнување, се вели во последниот извшетај на Народна банка на Македонија за најновите макроекономски показатели.

Во него се оценува дека и кредитирањето и штедењето растат, но со забавено темпо, а девизните резерви се на пониско ниво од очекуваното.

Според централната банка, последните макроекономски движења не покажуваат големи промени во амбиентот и ризиците. И понатаму, еден дел од показателите одат во прилог на понатамошно монетарно олабавување. Вкупната инфлација е во рамки на очекувањата и се оценува дека во 2013 година ќе се задржи во прифатливи рамки. Новите податоци за кредитите се во согласност со очекувањата, но ризиците се надолни, особено имајќи предвид дека растот на депозитите повторно е послаб од очекуваниот. А податоците за девизните резерви за крајот на јуни ги потврдија претходните оцени за малку пониско ниво од нивото очекувано за вториот квартал. Во текот на јули беа направени и промени во задолжителната резерва, кои што може да го стимулираат приливот на капитал од надвор и да придонесат за раст на девизните резерви и за кредитна поддршка. Додека денарското и девизното штедење покажуваат одржување на склоноста за штедење во денари, последните мерки преземени за зголемување на задолжителната резерва во девизи може дополнително да придонесат во оваа насока.

„Се' уште постојат фактори кои што упатуваат на потребата од поголема внимателност при водењето на монетарната политика. И понатаму постои ризикот поврзан со глобалното окружување. Повторното надолно ревидирање на оцените за странската побарувачка и на цените на металите на светскиот пазар претставуваат потенцијален ризик за надворешната позиција на македонската економија. Воедно, и покрај врамнотежените инфлациски ризици кај вкупната инфлација, базичната инфлација и понатаму е на релативно високо ниво, укажувајќи на поголеми пренесени ефекти од растот на цените на храната и енергијата врз останатите цени во економијата“, стои во прегледот на централната банка.

Инаку, на крајот на второто тримесечје, бруто девизните резерви изнесувале 2,039 милијарди евра, а падот се должи на интервенциите на девизниот пазар, односно нето-продажбата на девизи, а потоа и трансакциите за сметка на државата.

Растот на вкупните депозити заклучно со јуни изнесувал 3,4 отсто, и според НБРМ тој е под проекцијата за вториот квартал од 6,4 отсто. На квартална основа вкупните депозити бележат пад, наспроти растот планиран за вториот квартал на 2013 година (од 5.306 милиони денари).

„Падот на депозитите во овој период, главно, е резултат на исплатата на дивиденда кон една странска компанија и кон државата, што предизвика висок еднократен одлив од сметките на претпријатијата. Притоа, останатите текови што влијаат врз депозитите не беа доволно силни за да ги неутрализираат одливите и да овозможат раст на депозитната база, како што се очекуваше со последните проекции. Остварениот годишен депозитен раст во целост произлегува од денарските депозити, при годишен пад на девизните депозити“, оценува НБРМ.

Вкупните кредити пак, се зголемиле во текот на јуни, но со позабавено темпо во однос на претходниот месец, при што месечниот раст речиси во целост се должи на кредитирањето на домаќинствата. На крајот на јуни годишната стапка на вкупните кредити изнесува 3,7 отсто и е над нивото на проекцијата за вториот квартал од 3,6 отсто. На квартална основа, порастот на вкупните кредити е повисок за околу 160 милиони денари од растот планиран за вториот квартал на 2013.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik