За агресивните продавачи казна и до 4.000 евра

Bez autora
Apr 18 2011

Тезгаџиите кои агресивно ги тегнат за рака граѓаните додека се обидуваат да им продадат нешто може да платат казна и до 4.000 евра ако купувачот ги пријави во инспекција. Истото важи и за настојчивите трговци кои дома ги вознемируваат потенцијалните купувачи, иако овие јасно им кажале дека не се заинтересирани за производот или за услугата. Агресивното однесување на трговците стана казниво дело со најновите измени во Законот за заштитата на потрошувачите, кои неодамна стапија во сила. Освен агресивното, ќе се казнува и нечесното пазарно однесување на поединци или фирми, за што казните се од 2.000 до 4.000 евра.

За агресивните продавачи казна и до 4.000 евраТезгаџиите кои агресивно ги тегнат за рака граѓаните додека се обидуваат да им продадат нешто може да платат казна и до 4.000 евра ако купувачот ги пријави во инспекција.

Истото важи и за настојчивите трговци кои дома ги вознемируваат потенцијалните купувачи, иако овие јасно им кажале дека не се заинтересирани за производот или за услугата.

Агресивното однесување на трговците стана казниво дело со најновите измени во Законот за заштитата на потрошувачите, кои неодамна стапија во сила. Освен агресивното, ќе се казнува и нечесното пазарно однесување на поединци или фирми, за што казните се од 2.000 до 4.000 евра.

Дека трговците можат да бидат многу нападни на своја кожа почувствувала битолчанката Верица Т. По препорака од пријателка кај неа дома дошле претставници на фирма што се занимава со чистење, кои требало да презентираат нова машина.

- Уште кога влегоа им кажав дека сум слободна само половина час. Но, не успеав да ги избркам во следните четири часа. Влегуваа во сите соби, чистеа понекое делче од мебелот, ми отвораа дури и во плакарите. Неколку пати ги замолив да си одат, но не сакаа додека не ја завршија целата презентација. На крај инсистираа да им дадам контакт и адреса од некоја пријателка за да одат и кај неа. Се разбира, одбив. Но, с` уште речиси секој ден ми ѕвонат на телефон за да им препорачам некого, а јас не им одговорам на повиците - раскажува битолчанката.

Нејзиниот случај не е единствен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со агресивни и нападни трговци, кои многу често се служат и со измами само за да ги продадат своите производи или услуги.

Според измените во регулативата, трговците не смеат да ги вознемируваат граѓаните со телефонски повици, особено доцна навечер. Не смеат ниту упорно да испраќаат понуди и реклами по имејл или да ги нудат производите директно на врата доколку граѓаните јасно се изјасниле дека не се заинтересирани.

Законот предвидува парични казни и за банкарите што нудат „бесплатни кредити“, а всушност постојат дополнителни административни трошоци при аплицирањето. На удар се и трговците што тврдат дека нивниот производ топи неколку килограми за една недела, неверојатно ги подобрува сексуалните способности или веднаш ослободува од секакви болки. Казни има и за неискрените трговци кои нудат одреден процент на попуст, а не го пресметуваат во крајната цена.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) објаснуваат дека граѓаните постојано се жалат кај нив, најмногу за проблеми со гарантни листови и за јавните услуги. Но, засега ниту еден не пријавил агресивно однесување на трговците.

- Граѓаните с` уште не знаат дека може да се жалат и за тоа. Всушност, тие не можат да препознаат што е агресивно или нечесно пазарно однесување. А и многу е тешко да се докаже ваквото однесување за да може да се казни. Тоа е работа на соодветната инспекција, додека казните се изрекуваат во прекршочна постапка. Сепак, најчесто во ваквите случаи граѓаните немаат право да бараат обесштетување бидејќи не претрпуваат материјална штета - велат во Организацијата на потрошувачи.

Освен поединечни пријави, потрошувачите од следната година ќе може да поднесуваат и колективни тужби. Дотогаш Владата треба да одреди кои државни органи ќе бидат надлежни за колективна заштита на потрошувачите, така што ваквите тужби ќе одат преку нив.

Граѓаните с` повеќе стануваат свесни дека имаат право да се пожалат на однесувањето на трговците. Лани 4.773 граѓани се пожалиле во ОПМ на прекршување на нивните права, додека 2.002 пријавиле неправилности во Државниот пазарен инспекторат, од кои 609 биле во доменот на Законот за заштитата на потрошувачите. Но, 553 граѓани лани побарале заштита и од народниот правобранител поради прекршување на нивните потрошувачки права, што е драстично зголемување во однос на претходните години. Тие најмногу реагирале на високи и нереални сметки за струја, вода и парно греење, присилна наплата на непостојни заостанати долгови кон јавни претпријатија, како и за наплатени мобилни разговори кои воопшто не ги воделе.

Според правобранителот, граѓаните с` повеќе се судираат со проблеми при остварувањето на потрошувачките права, со што директно се задира во остварувањето на човековите права. Поради тоа, тој ги повикува надлежните институции и организации особено да ги почитуваат правата на граѓаните како потрошувачи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik