Минатата недела на Македонската берза беше остварен промет од 682.198 евра, при што прометот од редовното тргување со акции на неделно ниво бележи зголемување од 66,85 отсто во споредба со претходната недела. Најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 25.407.062 денари. Најголем пораст забележаа акциите на „Осигурување Македонија“ АД Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 5,10 отсто. Најголем пад имаа акциите на „Бетон“ Скопје од 16,72 отсто. Минатата недела се склучија и 5 системски блок-трансакции со обични акции на „Копер инвестментс“ АД Скопје, Стопанска банка Битола, „Скопски пазар“, Комерцијална банка Скопје и „ЗК Пелагонија“ Битола. Главниот берзански индекс МБИ10 на неделно ниво забележа пад од 0,04 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 1.770,45 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ на неделно ниво забележа пад од 0,27 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 127,77 индексни поени.
Минатата недела на Македонската берза беше остварен промет од 682.198 евра, при што прометот од редовното тргување со акции на неделно ниво бележи зголемување од 66,85 отсто во споредба со претходната недела. Најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 25.407.062 денари.
Најголем пораст забележаа акциите на „Осигурување Македонија“ АД Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 5,10 отсто. Најголем пад имаа акциите на „Бетон“ Скопје од 16,72 отсто. Минатата недела се склучија и 5 системски блок-трансакции со обични акции на „Копер инвестментс“ АД Скопје, Стопанска банка Битола, „Скопски пазар“, Комерцијална банка Скопје и „ЗК Пелагонија“ Битола. Главниот берзански индекс МБИ10 на неделно ниво забележа пад од 0,04 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 1.770,45 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ на неделно ниво забележа пад од 0,27 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 127,77 индексни поени.